Најмалку 19 загинати во експлозија во џамија во Пакистан

January 30, 2023
1 min read

Спасувачите се обидуваат да ги отстранат куповите остатоци од џамијата и да стигнат до верниците кои сè уште се заробени под урнатините, соопштуваат од полицијата

ФОТО: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Во експлозија во џамија загинаа 19 верници, а десетици се ранети во северозападниот пакистански град Пешавар, изјавија од болницата, пренесува Ројтерс.

„Експлозијата се случила во џамијата каде што се собрале голем број луѓе на молитва. Дел од зградата се урна и се верува дека неколку луѓе се под неа“,

изјави полицискиот претставник Сикандар Кан.

Мухамед Асим, портпарол на болницата „Лејди Ридин“г во Пешавар, изјави дека примиле 90 повредени, од кои некои се во критична состојба.

„Вашингтон пост“ пренесува дека бомбашот го активирал самоубиствениот елек додека околу 150 верници, вклучително и многу полицајци од блиските полициски канцеларии, се молеле внатре. Од експлозијата се урнал покривот на џамијата, при што многумина биле повредени.

„Спасувачите се обидуваат да ги отстранат куповите остатоци од џамијата и да стигнат до верниците кои сè уште се заробени под урнатините“,

соопшти полицијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска стави клуч на спортската сала во Ѓорче Петров, се тренира на отворено

Следно

Над 90 лица повредени во експлозија во џамија во Пакистан

Latest from Blog

Прилеп со рок од 15 дена: Отстранете ги напуштените возила од јавни површини

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени

Проданоски: Делчев и Тошев се вечна инспирација за Македонија

Со пригодна порака по повод 4 мај, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев, истакнувајќи дека нивното дело и жртва се длабоко вградени
Go toTop