Во израелските напади во изминатите 24 часа во Газа загинаа 107 Палестинци, вкупниот број се искачи на 27.238

February 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 107 Палестинци загинаа, а 165 се повредени во последните 24 часа во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

„Израелската окупација изврши 12 масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 107 загинати и 165 повредени во текот на изминатите 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе се под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се нагласува од Министерството.

И покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата за привремените мерки донесена минатиот месец, Израел продолжува со нападот врз Појасот Газа, каде според палестинските здравствени власти од 7 октомври досега загинати се најмалку 27.238 Палестинци, главно жени и деца, а 66.452 се повредени.

Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 Израелци.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено, акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, според Обединетите нации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тејлор Свифт во вртлог меѓу политиката и теориите на заговор пред изборите во САД

Следно

За „невиденото“ уништување во Газа „ќе бидат потребни десетици милијарди долари и децении за да се врати назад“, вели ОН

Latest from Blog

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop