Наполи го исклучи Зиелински од составот за Лигата на шампионите

February 3, 2024
1 min read

Раководството на актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи, донесе одлука да го избрише од составот за Лигата на шампионите Пјотр Зиелински.

Полскиот фудбалер во текот на вчерашниот ден и официјално договори трансферот во Интер, соопшти „La Gazzetta dello Sport“.

Дваесет и деветгодишниот Зиелински ќе се приклучи на тимот на „Нероаѕурите“ како слободен играч во летото 2024 година, кога му истекува договорот со „наполитанците“.

Наполи во тековната сезона обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но Зиелински нема да учествува.

Оваа сезона фудбалерот од средниот ред на Наполи одигра 26 натпревари за клубот, постигна три гола и исто толку асистенции.

Во плејофот на ЛШ, Наполи ќе се соочи со Барселона на 21 февруари и на 3 март.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повреден возач, излетал од улица

Следно

Тејлор Свифт во вртлог меѓу политиката и теориите на заговор пред изборите во САД

Latest from Blog

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Макпетрол најтргувани; МБИ10 падна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни
Go toTop