Укината специјалната единица чии полицајци се обвинети за убиството на Тајр Николс

January 29, 2023
1 min read

Единицата била основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Тајр Николс.

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.

Во соопштението до медиумите, полицијата вели дека во сечиј интерес е трајно да се деактивира таа единица.

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Единицата е основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела.

Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад и киднапирање.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Видеата покажуваат агресивна ескалација на насилството насочено кон возач за кој полицијата првично рече дека бил запрен поради загрозување на сообраќајот. Шефот на полицијата подоцна изјави дека причината за застанувањето не е поткрепена со докази.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс. Демонстрантите кои маршираа низ центарот на Мемфис ја поздравија одлуката кога слушнаа дека единицата е распуштена.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приватните превозници во понеделник на протест, им префрлиле само 5.000 денари

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop