„Газпром“ преку Украина ќе испорача 24,3 милиони кубни метри гас во Европа

January 28, 2023
1 min read

Многу земји ветија дека ќе го прекинат или ограничат увозот на нафта и гас за да ги намалат приходите на Москва и да ги спречат нејзините воени операции

Руски „Газпром“ објави дека ќе испорача 24,3 милиони кубни метри природен гас во Европа преку Украина, пишува Ројтерс.

Вчера, „Газпром“ најави испорака на речиси идентично количество – 24,2 милиони кубни метри.

Гасот повеќе не тече низ цевководите Северен тек 1 и 2 на Балтичкото Море, така што украинските цевководи се последните преостанати директни рути кон Европа.

Во 2022 година извозот на руски гас во Европа падна на најниско ниво во постсоветскиот период, бидејќи испораките се намалија поради руската инвазија на Украина.

Многу земји ветија дека ќе го прекинат или ограничат увозот на нафта и гас за да ги намалат приходите на Москва и да ги спречат нејзините воени операции.

Руската економија е во голема мера зависна од нејзиниот енергетски сектор, а Европа е главниот увозник на руската енергија, што го отежнува намалувањето на приходите.

Европската унија досега успеа да ја избегне енергетската криза од која многумина стравуваа откако Русија го прекина најголемиот дел од испораките на гас, благодарение на благото време, заштедите и алтернативните испораки.

Европа, сепак, сè уште се соочува со високи цени на бензинот и е ранлива на енергетски шокови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во близина на Москва се урна хеликоптер што го користи Путин

Следно

Русите урнаа цела населба во Мариупол во Украина и градат елитни станови

Latest from Blog

Божиновска за Newsmax Балканс: Македонија започнува историски инвестициски циклус во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во енергетиката во својата историја, со вредност од 5,7 до речиси шест милијарди евра. Во

Хилари Клинтон: Трамп или не разбира или не се грижи (ВИДЕО)

„Мислам дека обидот да се принуди Украина да склучи договор со (рускиот претседател Владимир) Путин за предавање е срамен“, рече Клинтон за време на панел-дискусијата на Минхенската безбедносна конференција. „Верувам дека Украина

УХМР: Претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ Македонија

Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично

Поставени првите подземни контејнери во Општина Чаир, Меџити најави нови 50 до крајот на годината

Општина Чаир започна со поставување подземни контејнери за отпад, проект кој има за цел да воведе повисоки стандарди за урбана хигиена и уредување на јавниот простор.Како што информира градоначалникот Изет Меџити, денеска
Go toTop