Прoтести низ САД по објавеното видео од убиството на Тајeр Николс при полициско задржување

January 28, 2023
1 min read

Во САД викендов се одржуваат бројни, но претежни мирни протести по објавените видео снимки синоќа од страна на полицијата во Мемфис од задржувањето на Тајeр Николс, афроамериканец. Неколку денови по задржувањето, Николс почина во болница.

Сите петмина полицајци вклучени во апсењето се афроамериканци, неделава беа отпушетни и обвинети за убиство од втор степен, напад и киднапирање.

Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анѓелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, засега протетсите се мирни.

Убиството на Николс се случи на 7 јануари, кога полицијата го запре за агресивно возење. Тој излезе од колата, се противеше на апсењето и се обиде да избега пеш. Полицајците во обидот да го задржат користеа прекумерна сила, електрошокови и солзавец. Николс почина по три дена поминати во болница.

Во видеото, кое што од страна на семејството и адвокатите на Николс беше побрано да се објави, се гледа како тој извикува од болки, вели „не направив ништо“ и ја бара својата мајка.

Демонстрантите во Мемфис блокираа мост над реката Мисисипи и извикуваа „нема правда нема мир“ и „правда за Тајер“.

Во САД, полициското насилство врз црномурестите е горлив проблем. Полицијата употребува несразмерно поголема сила при задржување на афромериканците или јужноамериканците отколку кога тоа го прави врз другите малцински или мнозински претставници како белците.

Годинава, уште еден афроамериканец, Кинен Андерсон, почина како последица на брутално апсење. Полицијата во Лос Анѓелес на 3 јануари се обиде да го задржи Андерсон при што врз него во рок од помалку од една минута повеќекратно употреби електрошокови. Неколку часови подоцна тој почина од срцев удар.

Семејството и организацијата „Животите на црномурестите се важни“, подигнаа тужба до полицијата на Лос Анѓелeс за исплата на 50 милиони долари оштета. Кинен е братучед на коосновачот на организацијата. Снимка од апсењето покажува како тој извикува „ми правите Џорџ Флојд“.

Убиството на Џорџ Флојд при слични околности во мај 2020 година во Минеапоис, предизвика бран од насилни протести низ цела Америка, кој треаше повеќе месеци.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка

Следно

Хрватскиот шеф на дипломатијата Грлиќ Радман на средба со српскиот колега Дачиќ

Latest from Blog

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги

Екс-селекторот на Белгија на клупата на Фенербахче: Тедеско го наследи Мурињо

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче. 39-годишниот Италијанец попладнево и официјално беше потврден за наследник на Жозе Мурињо во турскиот клуб. Преговорите со поранешниот тренер на Спартак (М) и на белгиската

Отворен изборниот штаб на ВЛЕН во Чаир – Меџити: Нашата борба е за улици, училишта и иднината на младите

Вечерва во срцето на Чаир, првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општината, Изет Меџити, го прогласи за отворен изборниот штаб. Но, ова што требаше да биде само отворање на
Go toTop