СЕ ЧЕКА СЗО ДА ПРЕСЕЧЕ – светот пред нова одлука во врска со вонредната коронавирус ситуација, во понеделник веќе сè ќе се знае!

January 27, 2023
1 min read

Меѓународен панел на експерти денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, велат извори од телото со седиште во Женева, пренесува Хина.

На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека во изминатите осум недели се регистрирани повеќе од 170.000 смртни случаи.

– Реалната бројка е секако многу поголема, рече тој, додавајќи дека ситуацијата во Кина се влошува.

Укинувањето на ограничувањата во Кина доведе до нагло зголемување на смртните случаи во најнаселената земја во светот. Скоро 40.000 смртни случаи беа пријавени во СЗО минатата недела, повеќе од половина од нив од Кина.

Одборот, чија расправа треба да завршат најрано вечерва, потоа треба да го извести Тедрос за своите заклучоци, оставајќи му да одлучи за или против укинување на сегашната вонредна состојба.

Претходно оваа недела, Тедрос изрази загриженост поради континуираниот пораст на бројот на смртни случаи поврзани со Ковид.

Прогласувањето на вонредна состојба е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го прогласи. Тоа го прави во случај на закана за да може владите и јавноста да бидат предупредени и подготвени.

Ниту прогласувањето, ниту укинувањето на вонредната состојба немаат непосредни последици. Секоја земја сама одлучува како да управува со кризата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Шеќерни луѓе“ на режисерката Сузана Диневски добитник на 3 награди на фестивали во Дубаи. Италија и Шведска

Следно

Пендаровски: Одредени субјекти во Бугарија го искористија случајот во Охрид за политички цели

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop