Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа се искачи на 24.620 лица

January 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати Палестинци во смртоносните израелски напади врз Појасот Газа кои почнаа на 7 октомври се искачи на 24.620, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека бројот на повредени Палестинци достигнал 61.830.

„Најмалку 172 лица загинаа, а 326 се повредени во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се вели во соопштението.

Министерството соопшти дека неговите медицински лица регистрирале повеќе од 8.000 случаи на хепатитис Ц меѓу раселените Палестинци поради преполнетоста во бегалските кампови и немањето услови за лична хигиена.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 Израелци.

Според Обединетите нации, околу 85 отсто од жителите на Газа се внатрешно раселени поради израелските напади и акутниот недостиг на храна, вода за пиење и лекови. Стотици илјади живеат без засолниште, а на територијата влегуваат помалку од половина од камионите со хуманитарна помош отколку пред почетокот на конфликтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов масовен протест на учениците и студентите во Грција против приватните факултети

Следно

Од 1 февруари единствена валута во Косово ќе биде еврото, најави косовската Централна банка

Latest from Blog

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop