На палестинска мајка за два дена убиени двајца синови во израелските напади врз Газа

January 18, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинката Ум Мухамед доживува огромна болка поради губењето на двата сина за два дена во израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Срцепарателно е збогувањето на мајката со 18-годишниот Хамза, кој е убиен од израелските сили во нападот на бегалскиот камп Бурајџ, во централните делови на блокираниот Појас Газа.

Ум Мухамед, гушкајќи го телото на својот син во болницата Акса, рече: „Мојот син вчера ми кажа дека му е ладно. Не очекував дека денес ќе биде убиен. Да знаев, ќе му најдев ќебе.“

Ожалостената мајка, обидувајќи се да го стопли телото на својот син Хамза, зборуваше: „Дали ти е ладно, синко“.

Ум Мухамед за два дена остана без своите двајца синови.

„Вчера со свои раце го погребав твојот брат Мухамед, а денес ќе те закопам и тебе. Живеев за вас“, рече оваа палестинска мајка.

Преживеал само нејзиниот син Ибрахим, а сега стравува дека и тој ќе биде убиен во израелските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од први февруари, еврото единствена валута во Косово

Следно

Пакистан изврши одмазднички напади врз цели во Иран, убиени седум лица

Latest from Blog

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА ДУИ – Наместо илјадници, во Тетово се собраа околу 200 до 300 лица

Партијата протестира против одлуката поврзана со промената на имињата на улиците, собирот помина мирно и без инциденти. Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката поврзана со

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите
Go toTop