Обвинителство: Отворена е предистрага за трите нафтени компании

January 17, 2024
1 min read

Обвинителството за организиран криминал и корупција, отвори предистражна постапка за случајот со 3 нафтени компании кои се обидоа да украдат пари од државата, преку враќање на ДДВ со фиктивни фактури. Од ова обвинителство соопштуваат дека отворило предистражен предмет во врска со сомневањата врз основа на пријавата на УЈП, за три компании и 5 снабдувачи.

„Во врска со предметот пријавен од Управата за јавни приходи, предметот го разгледува надлежен обвинител. Отворивме предистражна постапка и сме во фаза на собирање факти и материјални докази, за трите нафтени трговски друштва и импликациите со другите страни во овој случај“, велат од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Управата за јавни приходи, утврди дека три компании се обиделе да украдат околу 2,6 милиони евра преку поврат на ДДВ, со фиктивни фактури со кои наводно вршеле продажба и купување на нафтени деривати. Овие компании барале и поврат на персонален данок на доход во износ од над 300 илјади евра, иако во проверениот период немале вработени ни исплаќале плати.

„Утврдивме дека имаме 80 фалсификувани фактури. На пример, во сметководствената евиденција на снабдувачот има само една излезна фактура, чија вредност е речиси 43 пати пониска од износот на писмените влезни фактури на даночниот обврзник во третиот случај. Во повеќето фактури, исто така, се злоупотребени логоата, потписите и печатите на снабдувачите на повеќето фактури“, велат од УЈП.

Ваквите злоупотреби се многубројни во државните институции заробени од партиите, но и резултат на слабите реакции на органите на обвинителските органи, вели економскиот аналитичар, Висар Адеми.

„УЈП и М-НАВ, сите други се со еден поим, како непотизам и партизираност на институциите. Веќе 40 години ја зајакнуваме партијата и ги ослабуваме институциите. Кај нас не е невозможно претседателот на огранокот да биде помоќен од министерот. Партизацијата ги полни судовите и другите институции, со партиски војници кои го ослабуваат владеењето на законот и владеењето на правото. Ова покажува дека некои поединци се над законот, и вршат злоупотреби со тоа што не вршат плаќања и прават даночно затајување, бидејќи припаѓаат на партија која самите ја финансираат“, нагласи Висар Адеми, економски експерт.

Овој случај УЈП го објави во јавноста дури по објавувањето на случајот од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а Обвинителството и Финансиската полиција, по инсистирање на медиумите рекоа соопштија дека работат на случајот./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И децата страдаат по разводот, еве како да ги заштитите

Следно

Лансирањето за мисијата „Ax3“, од која дел е и турскиот астронаут, одложено за утре

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop