Судски совет; Пропадна обидот за разрешување на Беса Адеми од Врховен

January 17, 2024
1 min read

Судскиот совет ја прекина дисциплинската постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Со 7 гласа за и 4 гласа против, постапката започната во ноември е прекината.

Пред одлуката , беше разгледан извештајот на комисијата. Членовите разговараа за неговата содржина и предложија дополнувања, повикувајќи се на Законот за Судски совет. Но и оваа иницијатива не помина. Мнозинството членови гласаа против комплетирање на извештајот, со што одлуката можеше да се пролонгира за уште најмалку 15 дена.

Дел од членовите беа на мислење дека покрај барањето за разрешување како крајна мерка, советот треба да донесе и одлука за опомена на претседателот на Врховниот суд. Но на ваквиот предлог се спротивставија членовите на судот кои оценија дека би било несериозно и смешно да се укорува претседателот на највисокиот суд во државата.

Предлагачот на иницијативата членот Милазим Мустафа не беше присутен во салата. На почетокот на средбата тој се појави, но на точката против Беса Адеми ја напушти салата со образложение дека нема право да гласа за ниту една одлука бидејќи е во својство на предлагач. Мустафа на седницата на комисијата за утврдување одговорност рече дека во своето барање да се бара одговорност од Адеми навел две точки: отсуството на Адеми на седниците на советот и обвинувањата за политички притисоци кои според него, ги изнела на погрешна адреса, односно пред медиумите, наместо пред Судскиот совет. Тој дури се закануваше на претседателката на Врховен со затвор, повикувајќи се на законските одредби за одговорност.

Амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп и на ЕУ Дејвид Гир се сретнаа со Весна Дамева за да разговараат за случувањата во Советот и ја поздравија одлуката за нејзиното враќање на чело на ова тело по одлуката на Управен суд. Нивните пораки очигледно стигнаа барем до поголем дел од членовите на советот кои во последен момент одлучија дека нема да има дисциплински мерки против Адеми./Алсат.мк

Адријан Керими

 

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѕид полн со ѕвезди, балони околу креветот: Ѕирнете во собата на синот на Марија Шерифовиќ (ФОТО)

Следно

Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 наместо на 17 јуни

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop