Тимовите на Анадолу ги разоткриваат израелските злосторства во Газа пред Меѓународниот суд на правдата

January 17, 2024
2 mins read

АЛ-КУДС (АА) – Меѓу доказите презентирани во случајот „геноцид“ што Јужноафриканската Република го поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), беа фотографиите на Агенција Анадолу.

Книгата со наслов „Докази“, која содржи документирани слики кои ги разоткриваат израелските злосторства во Газа е објавена, а сега во подготовка е и документарен филм за расветлување на предизвиците со кои се соочија новинарите кои ги собраа доказите.

За време на снимањето на документарниот филм, репортерот на Анадолу, Серкан Каја, заедно со снимателите Алиџан Оџак и Мухамед Јашар Кордемирџи, го посетија окупираниот Источен ал-Кудс (Источен Ерусалим) и Западниот Брег и ја набљудуваа работата на локалните новинари, направија интервјуа и ги документираа нивните искуства.

Бидејќи не се во можност да влезат во Газа поради израелските ограничувања за новинарите, тимот планира одделно да ги сними сведочењата на вработените на Анадолу во Газа и да ги вклучи во документарецот.

Посочувајќи дека светот повеќе од 100 дена ги затвора очите и е оглушен на злосторствата во Газа, Каја изјави дека работата на Анадолу ги разоткри овие настани пред светот.

Каја нагласи дека вистинските докази кои ја прикажуваат големината на трагедијата лежат во фотографиите направени од фоторепортерите и снимателите, откривајќи како светот дознал преку Анадолу за употребата на бел фосфор, спасувањето на децата од урнатините на зградите, артилерискиот оган и израелското угнетување на муслиманите и новинарите.

„Светот преку Анадолу дозна дека Израел користел бел фосфор. На видеата се гледа како децата се спасуваат од урнатините на зградите. Со напорите на новинарите се дозна како е пукано од артилерија и како израелските цивили се вооружуваат, вршејќи притисок врз муслиманите и новинарите“, рече тој.

Каја изрази благодарност за посветеноста и пожртвуваноста на тимот на АА кој работи во Газа, Западниот Брег и Ал-Кудс во овој предизвикувачки период.

– Камерата како оружје –

Додека го следеше погребот на Палестинец убиен од израелските сили на окупираниот Западен Брег, Каја беше сведок како луѓето ги креваат рацете во знак на почит додека снимателот на АА, Хишам Абу Шакра, ја креваше камерата.

„Кога го прашав зошто го направи тоа, тој рече: ‘Моето оружје е мојата камера.’ Тој рече дека никогаш не размислувал да ја напушти работата, снима сѐ и никогаш не се плаши од смртта. Тоа беше најважната работа што ми остана во сеќавање“, рече Каја.

Коментирајќи ја одлуката на израелските власти да не дозволат ниту еден новинар да влезе во Газа, Каја рече дека „таму очигледно се случува нешто непожелно“.

– Моменталната радост при создавањето на фотографијата –

Камерманот на Анадолу, Алиџан Оџак, ја спомена можноста за интервјуирање на лицата кои направиле материјали што се користат како доказ пред меѓународните судови.

Набљудувајќи ја извонредната работа на тимот на Анадолу во регионот за краток период и под тешки услови, Оџак рече: „Навистина е тешко да се каже што направи Израел од израелска перспектива. Јас го разбрав тоа.“

Оџак откри дека најголем впечаток му оставил разговорот со фоторепортерот на Анадолу, Мустафа Алкаруф, кој го фотографираше белиот фосфор, претставен како доказ во тужбата за геноцид против Израел во Хаг.

„Алкаруф првично почувствувал радост кога ја направил таа фотографија, но кога помислил дека тие бомби на фотографијата паѓаат врз жителите на Газа, неговата радост се претвора во ужас и бил многу тажен. Тоа длабоко ме допре“, рече тој.

Камерманот на Анадолу, Мухамед Јашар Кордемирџи, кој помина една недела работејќи со новинарите на книгата „Докази“, рече дека од прва рака бил сведок на тешкотиите на нивната работа во регионот.

Кордемирџи рече дека видел како израелската полиција ги попречува новинарите на теренот.

„Бев сведок на интервенцијата на израелската полиција во ситуација која ја нарекоа ‘инцидент’, како и мешањето на новинарите. Сведок на работата на колегите кои придонесоа за книгата ‘Докази’. Ги видов тешките услови под кои тие работат.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во десетина градови во Босна и Херцеговина воздухот е опасен по здравјето

Следно

ЕК следниот месец ќе ги претстави идеите како во пракса ќе функционира Унијата со над 30 земји членки

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop