Шпанија прв пат европски шампион во ватерполо

January 16, 2024
1 min read

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија за прв пат во историјата го освои шампионскиот трофеј на Европско првенство. Вечерва во Загреб, пред повеќе од 2.000 гледачи, Шпанците го совладаа домаќинот на првенството, Хрватска со 11:10.

Клучна за победата на Шпанија беше последната четвртина. Тоа беа осум минути во кои гостите постигнаа три гола, а Хрватите ниту еден и негативата од 8:10 по 24 минути игра, на крајот ја претворија во победа.

Хрватска пропушти по трет пат да се најде на европскиот трон и ќе мора да се задоволи со сребрениот медал.

Бронзениот медал и третото место и припадна на селекцијата на Италија која со 12:7 во малото финале ја победи Унгарија.

Покрај златниот медал и шампионскиот трофеј, репрезентацијата на Шпанија со триумфот на континенталниот собир си обезбеди учество на Олимписките игри во Париз кои ќе се одржат годинава. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Најавата за укинување на динарот во Косово ги доведува во прашање сите процеси

Следно

Џенифер Анистон има молба до фановите на „Пријатели“

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop