Затвореник крадел во Кисела Вода, го признал делото

January 27, 2023
1 min read

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје.

По преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

На 26.01.2023 со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото. Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик, информираа од МВР. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Полициска акција како на филм, српските полицајци уапсија опасен криминалец во Белград

Следно

Скопјанец фатен со прашкаста материја во Чаир

Latest from Blog

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop