Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директорите

January 9, 2024
4 mins read

Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да разреши двајца од тројца директори и тоа Фахрудин Хамиди кој до сега извршување функција извршен директор и Љубе Стаменковски кој беше на позицијата секторски директор.

Во владината препорака до Надзорниот одбор е наведено дека на наивно место треба да се назначат Илир Мехмети и Милан Кораќ. Според владиното соопштение само директорот Хасим Деари ќе ја задржи својата функција финансиски директор.

Претходно името на Стаменковски се спомнуваше во листата на петмината раководни лица кои први најавија дека ќе депонираат оставки поради проблемите и несоодветните вработување во М-НАВ.

Синдикатот на контролори на летање во М-НАВ бараше разрешување на Хамиди и Деари поради контроверзните одлуки за вработување на несоодветен кадар во компанијата кој не ги исполнува законски критериуми и потребните знаења.

Пред почетокот на владината седница претседателот на Синдикатот Александар Тасевски најави дека ако не се разрешат директорите околу 70 контролори на летање ќе стапат во генерален штрајк, со што ќе биде оневозможено слетување и полетување од скопскиот и охридскиот аеродром.

Тасевски вели дека откако ќе ја добијат официјално одлуката на Владата, најавениот штрајк за утре ќе го стават во мирување во исчекување Надзорниот одбор на М-НАВ да ја спроведат во целост владината препорака.

Новиот директор Мехмеди не доаѓа од редот на вработените како што налага Статутот на М-НАВ

Според Статутот на М-НАВ управувањето со оваа компанија се врши со двостепен систем, односно Управен и Надзорен одбор. Управниот одбор составен од 3 члена го назначува Надзорниот одбор со мнозинство гласови.

Еден од членовите на Управниот одбор ја добива функцијата извршен директор кој е задолжен за воздухопловна навигација и тој се избира од редовите на вработените, и мора да поседува стручни знаења и 6 годишно искуство како надзорен контролор на летање. Оваа функција до сега ја извршуваше Хамиди од 30 октомври 2020 година, а сега владата препорачува на негова позиција да дојде Илир Мехмеди.

Но, според објавените податоци на професионалната социјална платформа Линктед ин Мехмеди досега бил дел од Агенцијата за воздухопловство, што значи дека не доаѓа од редот на вработените како надзорен контролор на летање, услов наведен во статутот на М-НАВ.

Вториот директор кој исто така треба да дојде од редот на вработените треба да има работно искуство од најмалку 6 години во делот на воздухопловно- технички персонал.

Според статутот третиот директор е финансиски и треба да има најмалку 6 години искуство во раководење со соодветна дејност. Нивниот мандат е со време траење д 4 години со право на реизбор. Оваа функција до сега ја извршуваше Љубе Стаменковски кој на оваа позиција бил назначен пред неколку месеци а сега ќе биде заменет со Милан Кораќ, кој пак доаѓа од позицијата техничар во контролата за летање во македонската навигација.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по минатонеделниот упад во оваа институција и напад на вработени.

Финансиска полиција го чешла М-НАВ

Во меѓувреме Финансиската полиција денеска ( 9 јануари) влезе во Македонски навигации и врши увид во работењето на М-НАВ, јавува новинската агенција МИА. Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа оттаму, ги прават врз основа на направениот извештај без при тоа да прецизираат за каков извештај станува збор.

Тасевски на прес конференицијата на 4 јануари јавно сподели сомнежи за спорни тендерски постапки кои се однесуваат на изградба на зграда како и реконструкција односно пренамена на гаража во сала за околу 400 илјади евра.

„Ако ова не е доволна причина институциите да почнат да истражуваат тогаш тоа е сериозен проблем, да се прават слепи и глуви за работи кои веќе ѝ се познати на јавноста“, рече тогаш Тасевски.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 јануари годинава. Од Платформата бараат од Антикоруцска, од Државниот Ревизор и Јавното обвинителство да ги истражат сите индиции за корупција во работењето на М-НАВ на кои досега е укажано со цел да се утврди кривична одговорност и овозможи заштита на оние кои пријавуваат.

Обвинителство се жали на одлуката на Кривичен- осомничените требаше да бидат во притвор

За упадот во просториите на М-НАВ, Основното јавно обвинителство отвори истрага против осум лица за кои, како што тврди, постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

„Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години“, беше наведено во соопштението од ОЈО.

Од Обвинителството побараа мерки притвор за 8 лица поради упадот во зградата на М-НАВ (по четворица се уште се трага), тврдејќи дека е сторено кривично дело, но според Кривичниот суд, не постојат доволно елементи за оваа квалификација, па осомничените добија само мерки за претпазливост, односно одземени им се пасошите.

За потсетување, во соопштението што го објавија од Основниот кривичен суд Скопје за тоа зошто не определиле притвор за осомничените за упадот, рекоа дека се воделе врз основа на приложената документација и докази од обвинителството и од МВР, како и дека „според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не произлегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело“.

Од Кривичниот суд Скопје велат дека Кривичниот совет оформил предмет во однос на поднесената жалба на ОЈО за тоа судот да им определи мерки на претпазливост, а не притвор за четворицата приведени во врска со упадот во М-НАВ. Советот од денеска почнува со расправа за поднесената жалба, но неизвесно е дали денеска ќе излезат со одлука. Од Кривичен иако не ја исклучуваат можноста одлуката по жалбата да се донесе денеска во попладневните часови, сепак велат дека очекуваат тоа да се случи утре или во текот на наредните денови.

Упадот на 4 јануари следеше по прес-конференција на претседателот на Синдикатот Александар Тасевски кој алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.

Хамиди, пак, на прес-конференција настанот го опиша како „мало кошкање“ и тогаш не најави дека ќе се повлече од функцијата.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот борбен авион КААН во финалната фаза за првиот лет

Следно

Осум повредени во сударот меѓу полициско возило и автомобил кај Белановце

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop