САД загрижени поради влошената безбедносна ситуација на Блиски Исток

January 27, 2023
1 min read

Вашингтон е загрижен дека може да се влоши безбедносната ситуација меѓу Израелците и Палестинците пред посетата на американскиот државен секретар на Блиски Исток поради смртоносната операција на израелските сили на окупираниот Западен Брег.

Блинкен на 29 јануари ќе ги посети Египет, Израел и Западен Брег. Неговата посета, според Стејт департментот, била планирана претходно, а беше најавена само неколку часа по операцијата на израелските командоси во бегалскиот камп Џенин, Западен Брег, при што загинаа седум вооружени лица и двајца цивили.

Палестинските милитанти денеска истрелаа две ракети од Појасот Газа кон јужен Израел. Ракетите беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, соопшти израелската армија.

Предвидено е Блинкен в недела во Каиро да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а в понеделник ќе ги посети Ерусалим и Рамалах, а во вторник ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави вчера Стејт департментот.

Блинкен е вториот висок американски функционер кој ќе го посети Израел оваа година по советникот за национална безбедност Џејк Саливан, бидејќи расте загриженоста на САД поради насилството и плановите на новата десничарска Влада на Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс вчера изјави дека Блинкен ќе ја нагласи итната потреба за намалување на тензиите помеѓу Израел и Палестинците, со цел да се запре циклусот на насилство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Додека глуми Че Гевара, Апасиев станува богат како путиновите олигарси, порачаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Граѓаните ќе го блокира патот до Скопје- за да не стигнат Бугарите до гробот на Гоце Делчев на 4. февруари

Latest from Blog

Голем прекин на електричната енергија поради пожар во Берлин, полицијата се сомнева во политичка мотивација

Илјадници домаќинства во Берлин останаа без електрична енергија откако избувна пожар на два електрични столба, изјави портпаролката на полицијата за АФП, додавајќи дека се сомневаат дека станува збор за „политички мотивирано“ кривично

Димитриеска – Кочоска: Економскиот раст продолжува со стабилен темпо

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, соопшти дека економијата на Македонија продолжува стабилно да расте, при што во второто тримесечје од 2025 година бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 3,4% во

Меџити: Обединувањето со Движењето Арберија е гаранција за победа на 19 октомври

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општина Чаир, денеска објави дека е постигнато ново политичко обединување во пресрет на локалните избори. Меџити
Go toTop