Амбасада на САД: Коментарите на Џамбаски беа неодговорни и опасни, безусловно ги осудуваме сите закани со насилство

January 26, 2023
1 min read

Џамбаски вчера во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата тој да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ

Коментарите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски беа неодговорни и опасни, а САД безусловно ги осудуваат сите закани со насилство, велат за „360 степени“ од амбасадата на САД во земјава.

„Низ овие прашања треба да се работи со дијалог, а не со реторика, и ние повикавме на деескалација на секој агресивен јазик од двете страни на границата“,

велат од американската амбасада одговарајќи на прашањето, дали имаат коментар за последните изјави на европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски и препораката од Советот за безбедност при претседателот на државата да се забрани влез на европратеник и на уште неколку граѓани на Бугарија поради безбедносни причини.

Џамбаски вчера во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата тој да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

Изјавата на Џамбаски денеска ја коментираше и евроамбасадорот Дејвид Гир посочувајќи дека таа може да се протолкува како закана, но и дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

Тој вели дека тврдењата на пратеникот во Европскиот парламент, а кои се однесуваат на територијални претензии, не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на суверена држава“,

рече Гир.

Забрана за влез на одредени личности или прогласување за персона нон грата е прашање во доменот на националната безбедност и на Советот за национална безбедност, вели извор од Европската Унија (ЕУ) на прашањето што мисли за препораките што произлегоа од последниот состанок на Советот за безбедност со кој раководи претседателот Стево Пендаровски. Истиот извор не сака да влегува во коментар на конкретната ситуација.

Во однос на случајот со претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети“, изворот од ЕУ оценува дека реакцијата на властите на Северна Македонија била навремена и соодветна – и на политичко ниво со изјавите на осуда и со истрагата што ја отвори јавното обвинителство, која резултираше со притворање на осомничениот напаѓач.

Северна Македонија е земја со добро портфолио на почитување на правата на малцинствата, вели европскиот извор и порачува дека натамошна ескалација на односите меѓу Скопје и Софија ниту е во билатерален ниту, пак, е во интерес на ЕУ. И покрај загрижувачките изјави од некои поединци, кои ги поткопуваат добрите односи меѓу двете земји, изворот од ЕУ вели дека она што е важно сега е намалување на тензиите и продолжување на разговорите меѓу двете влади.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Андоновски: Бујар Османи не ги штити македонските национални интереси, тој ги штити само своите маркетиншки интереси

Следно

Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина

Latest from Blog

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop