Милановиќ: Ако Русија и САД не се договорат, ќе следи Трета светска војна

January 26, 2023
1 min read

Милановиќ предвидува дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“, што е „страшно, тешко и далечно“

Испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната во оваа земја, а доколку Вашингтон и Русија не се договорат, ќе следи Трета светска војна, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесе Хина.

Украина вчера доби големо засилување на своите копнени сили откако Германија и САД соопштија дека ќе испратат тенкови во Киев.

„Војната ќе продолжи. Сите тенкови, и руски и американски, горат на ист начин, а во нив седат луѓе кои или умираат или бегаат“,

им рече Милановиќ на новинарите.

Милановиќ предвидува дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“, што е „страшно, тешко и далечно“, додаде хрватската агенција.

Во тие разговори нема да бидат прашани „Загреб, Берлин, Париз, Брисел“, а ако тие не се одржат, светот полека ќе се движи кон Третата светска војна, предупреди хрватскиот претседател.

Милановиќ ја критикуваше шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, која во Советот на Европа рече дека европските земји треба да бидат обединети и да престанат да се обвинуваат меѓусебно бидејќи Европа војува против Русија, а не една против друга.

Милановиќ вели дека досега „не видел вакво лудило“ и дека не знаел дека Европа војува со Русија.

„Можеби Германија е во војна со Русија. Со среќа нека им е овој пат, нека заврши подобро од пред 70 години, но ние не сме во војна со никого. Од неа дознаваме дека сите сме во војна со Русија. Не сме ние, тоа е Америка, ние сме обични пиони“, рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Забрана за влез на одредена личност во земјата е во доменот на националната безбедност, вели извор од ЕУ

Следно

Јапонија лансираше сателит со кој ќе ја надгледува Северна Кореја

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop