Билансот на загинати во израелските напади врз Газа достигна 22.185

January 2, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа достигна 22.185, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, пренесува Анадолу.

Министерството наведе дека бројот на повредени лица се искачил на 57.035, од кои речиси 70 отсто се жени и деца.

Израелските сили „во изминатите 24 часа извршија речиси 15 масакри врз палестински семејства низ Појасот Газа, во кои загинаа 207 Палестинци, а 338 се повредени“, се додава во соопштението на Министерството.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, 60 отсто од нејзината инфраструктура е оштетена или уништена, а речиси два милиони жители се раселени поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Според властите, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.

Болести се шират меѓу преполните засолништа и улици на градот Рафа во јужниот дел на Газа, едно од најпренатрупаните места на планетата, според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Истражување на ЕУ: Скопје е во последната десетка европски градови чии жители се задоволни од квалитетот на живот

Следно

Oд белгиското претседавање Македонија не очекува апсолутно ништо

Latest from Blog

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и

Тврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА

фото: AJE Sport (X) Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

 Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД. Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски
Go toTop