(ВИДЕО) Во Турција уапсени 33 лица, осомничени се дека шпионирале за Мосад

January 2, 2024
1 min read

Анадолија објави дека полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја започнала канцеларијата за борба против тероризмот на обвинителството во Истанбул

Турските власти приведоа 33 лица осомничени за шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, објави денеска државната новинска агенција Анадолија додавајќи дека полицијата трага по уште 13 лица.

Анадолија објави дека полицијата извршила симултани рации на 57 локации во осум провинции како дел од истрагата што ја започнала канцеларијата за борба против тероризмот на обвинителството во Истанбул.

„Се верува дека осомничените шпионирале странски државјани во Турција за целите на израелската тајна служба и имале намера да ги идентификуваат, следат, нападнат и киднапираат како дел од операциите за меѓународна шпионажа“,

се наведува во извештајот на Анадолија без да се цитираат извори.

Полицијата трага по уште 13 лица кои се обвинети за истите кривични дела, додава Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган традиционално го поддржува палестинското прашање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈП ПОЦ: казнети 231 возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот

Следно

Скопје денеска го дели десеттото место на најзагадени градови во светот

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop