Масовниот убиец од Прага во прошталното писмо признал дека претходно убил маж и двомесечно бебе

December 28, 2023
1 min read

Во писмото за кое објави полицијата, студентот признал дека претходно убил 32-годишен маж и неговото двомесечно бебе во шумата на периферијата на Прага. Убиството на мажот и бебето се случило една недела пред масовното убиство на универзитетот, на 15 декември

Чешката полиција објави дека пронашла прошатално писмо од Давид Козак, студентот кој на 21 декември со пушка уби 14 луѓе на Карловиот универзитет во Прага, рани уште 25 лица, по што изврши самоубиство. Во писмото за кое објави полицијата, студентот признал дека претходно убил 32-годишен маж и неговото двомесечно бебе во шумата на периферијата на Прага.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

„Во текот на истрагата, при претресот на неговата куќа е пронајдено проштално писмо. Писмото го напишал пред да го изврши пукањето и во него признал дека го извршил убиството во шумата Клановице“,

рече портпаролот на чешката полиција, Јан Дањек.

Деталите за ова убиство засега не се соопштени, но балистичките тестови утврдиле дека оружјето користено во шумата Клановице е истото кое било пронајдено во куќата на убиецот. Убиството на мажот и неговото двомесечно бебе се случило една недела пред масовното убиство на универзитетот, на 15 декември.

Пред да го изврши убиството на Карловиот универзитет, 24-годишниот студент претходно истиот ден го убил својот татко во селото Хостоун, 20 километри западно од Прага, а потоа отишол во центарот на градот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2024 година, рекорден по капитални инвестиции

Следно

Алтун: Нетанјаху е последниот што треба да зборува за геноцид, тероризам и морал

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop