Приватниот сектор во Газа претрпи загуба од околу 1,5 милијарди долари во првите два месеца од израелската војна

December 27, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Загубите на приватните бизниси во Палестина достигнаа приближно 1,5 милијарди долари во првите два месеца од израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денес палестинското Централно биро за статистика (ПЦБС), јавува Анадолу.

Наведено е дека дневните загуби на приватниот сектор во Газа се проценуваат на 25 милиони долари, освен директните загуби на имот.

Бројот на претпријатија или објекти од приватниот сектор во Палестина е 176.000, вклучително 56.000 во Газа и 120.000 на Западниот Брег.

„Примарните резултати покажаа дека 29 отсто од вкупниот број претпријатија на Западниот Брег доживеале пад или прекин на производството поради израелската агресија, а повеќето претпријатија во Појасот Газа го прекинале производството“, соопшти палестинското Централно биро за статистика.

И како резултат на смртоносните напади на Израел врз Газа, околу 89 отсто од вкупниот број вработени во Појасот Газа остана без работа.

Израелските воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври ја претворија енклавата во урнатини, со половина од станбените единици оштетени или уништени, а околу два милиона жители се раселени во густо населената територија со недостиг на храна и чиста вода.

Министерството за здравство во Газа објави дека 21.110 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Нема разлика меѓу постапките на Хитлер и израелскиот премиер Нетанјаху

Следно

Претставка од Здружението на инженери на Македонија до Пендаровски: Со давање на владеење на водотекот на Црна Река на странска држава се загрозува одбраната на државата

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop