Кривични пријави за смртта на багеристот на објект во Дебар Маало

December 27, 2023
2 mins read

Министерството за труд и социјална политика заедно со Државниот инспекторат за труд заради објективно информирање на јавноста го издава следното соопштение во врска со случената пријава за несреќа при работа со фатална последица што се случи на ден 17.11.2023 година на градилиште лоцирано на ул. Пиринска бр. 31, Скопје во кој животот го загуби градежниот работник Т.М.

Државниот инспекторат за труд најнапред изразува длабоко жалење за загубата на животот на работотникот и искрено сочувство до семејството . Нашата посветеност на транспарентноста останува приоритет особено кога станува збор за несреќи на работа кои резултираат со губење на човечки живот и ја нагласува важноста за обезбедување на највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа во сите градежни активности. Државниот инспекторат за труд спроведе сеопфатна инспекциска постапка за утврдување на околностите кои ја предизвикале несреќата при што примарна цел беше да се оцени почитувањето на законските и подзаконските прописи од областа на безбедност и здравје при работа во рамките на градилиштето при изведувањето на градежните активности од страна на правните субјекти. Имено на ден 17.11.2023 година околу 16:15 часот по добиена телефонска дојава од страна на градежен инспектор од Општина Центар за случена несреќа на работа на мобилно градилиште на ул.”Пиринска “бр.31 во Скопје, на самото место увид извршија инспектори од областа на безбедност и здравје при работа при што од нивна страна беше утврдено дека вработениот извршувал работни активности за правен субјект кој изведува градежни работи на градилиштето – ископ на јама .Изведувачот на градежните работи имал склучено договор за изведување на градежни работи со инвеститорот на објектот.

Вработениот Т.М. бил ангажиран од страна на изведувачот на работно место багерист согласно законските одредби со склучен Договор за вработување на неопределено работно време и пријавен во задолжителното социјално осигурување. Несреќата на работа со фатални последици се случила кога вработениот вршел ископ на последните кубици чакал од ивицата на темелната (градежната) јама при што земјиштето под него почнало да се обрушува, а вработениот Т.М. заедно со багерот паднал во темелната јама. При падот багерот се превртел, а работникот останал приклештен во кабината на багерот и се здобил со тешки повреди кои за кратко време по извлекувањето предизвикале смрт кај работникот.

Од страна на инспекторите веднаш е дадена забрана за работа на мобилното градилиште за сите правни субјекти инвеститор, изведувач и надзор поради постоење непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените заради необезбедени мерки за безбедност и здравје на вработените на самото градилиште. По изречената инспекциска мерка – забрана државните инспектори за труд континуирано вршеа контрола дали истата се почитува се додека не беа создадени безбедни услови за работниците во понатамошни дејствија на градилиштето.

Државните инспектори за труд по извршените вонредни инспекциски надзори утврдија дека кај три правни субјекти не се превземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа што резултирало со тешка повреда со смртни последици на работникот, поради што ке бидат поднесени кривични пријави за сите правни субјекти заради предизвикување на опасност при градежни работи согласно член 289 од Кривичниот законик („Сл.весник на РМ’ ’бр.37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11,135/11,185/11,142/12,166/12,55/13,82/13,14/14,27/14, 28/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15,97/17 и 188/23) до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување. Државниот инспекторат за труд продолжува со вршење мна континуирани инспекциски надзори на градежните објекти а со цел да се обезбеди доследна примена на одредбите од Заклнот за безбедност и здравје при работа и безбедна работна средина за сите работници. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел продолжува со нападите врз Газа: „Во болниците во моментов има крв насекаде“

Следно

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава

Latest from Blog

Вардар ги пушти влезниците за евронатпреварот во продажба

ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува Македонија во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија претходната сезона „црвено-црните“ добија право на настап за Конференциската лига на УЕФА. Вардар во

Обвинение за судија од Кавадарци – го упатил осуденикот во погрешен затвор

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во текот на 2024 година,

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква

Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

Новиот претседател на Врховен суд Африм Фидани очекува во Кривичниот суд во Скопје да се спроведе целисходна постапка за случајот Кочани. Судот каде што ќе се води постапката ги исполнува условите, за

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0)
Go toTop