(ВИДЕО) Новинар на српската Н1 нападнат на протестите во Белград

December 25, 2023
2 mins read

Во емисија за неговата матична куќа, новинарот Младен Саватовиќ раскажува што се случило додека го чекал директното вклучување во вестите и се наоѓал на тротоар на улицата меѓу зградите на Републичката изборна комисија и Владата на Србија

Репортер на српската телевизијата Н1 вечерва бил нападнат додека известувал за време на протестот на студентите и на опозицијата пред зградата на Владата во центарот на Белград.

Фото: Принтскрин

Во емисија за неговата матична куќа, новинарот Младен Саватовиќ раскажува што се случило додека го чекал директното вклучување во вестите и се наоѓал на тротоар на улицата меѓу зградите на Републичката изборна комисија и Владата на Србија.

Фото: Принтскрин

„Во моментот кога чекав да ме вклучат во живо, маж на околу 35 – 40 години ми пријде и почна да ми дофрла неразбирливи реченици“, раскажува новинарот.

раскажува новинарот.

Саватовиќ вели дека го прашал што му треба, а тој одговорил нешто поврзано со Н1 БиХ, на што новинарот одговорил дека не е од тој медиум.

„Се вклучив во живо во вестите и го изработев мојот ангажман. Се воздржав колку што можев, бидејќи тоа беше стресна ситуација, а потоа му кажав дека ќе ја повикам полицијата. Тоа беше начин да се справам со некој што ме спречува да ја вршам работата. Вообичаено, во овие ситуации се трудиме да бидеме воздржани, понекогаш проценуваме дека кога ќе се „покажат заби“, дека не си некој што лесно се заплашува, тие ќе се оддалечат. Тоа се ретки ситуации, зашто најчесто граѓаните ни приоѓаат за да ни се заблагодарат за работата што ја работиме“,

изјавил Саватовиќ.

Сепак, според него, овој човек не се откажал од заканите.

„Почна да ми се впушта во лице, да ми се заканува, ме фати и за десната рака. Заминуваше и се враќаше. Овие последни 24 часа беа многу стресни за нас новинарите на терен. Уморни сме. Бев малку ироничен и циничен кон него, но нема оправдување некој да се однесува вака“,

вели новинарот.

На видеото може да се забележи и како случајни минувачи се обидуваат да го тргнат напаѓачот.

„И јас реагирав со емоции, но цело време мислев дека ќе се вразуми ако му се заканам со полицијата или ако „покажам заби“. Повикавме полиција, која дојде по 10-тина минути. Таму беше и член на обезбедувањето на Владата, кој рече дека не може да реагира. Полицијата ни рече дека ќе се обиде да го најде и да го гони врз основа на видеото“,

изјави Саватовиќ.

Заклучува дека ваквите ситуации треба да се истуркаат до крај, зашто не треба никој да им пречи на новинарите да ја вршат професионално својата работа.

Денеска во Белград се одржа протестот на студентите кои бараат од Министерството за државна управа и локална самоуправа да им овозможи пристап до избирачкиот список.

Во текот на вечерните часови студентите се приклучиле и на опозицијата и се упатиле кон зградата на Републичката изборна комисија (РИК), каде што на 18 декември првпат се одржа протест во знак на незадоволство од изборните резултати што ги доби дел од опозициската „Србија против насилството“.

Студентите порачаа дека институциите имаат рок до среда напладне да им одговорат на барањата, а потоа, како што рекоа, ќе го подигнат нивото на блокади низ цела Србија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шукова: Ниту една општина нема доставено краткорочен акциски план со мерки за намалување на аерозагадувањето

Следно

Малолетничка ги нападнала родителите во Кисела Вода

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и
Go toTop