Излевање на реката Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка

January 25, 2023
1 min read

Центарот за управување со кризи побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања преку бројот за итни повици 112 во регионалниот ЦУК Скопје дека се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

– Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково, известуваат од ЦУК.

Ппријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково. Известуваат дека за справување со поплава немаат сили и средства доколку таа се случи. Од страна на ЦУК известени се Дирекцијата за заштита и спасување за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.

– Тоа се реализираше преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка преку нивно информирање и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак“ и „Матка“. Тоа барање е со цел да не дојде до поголеми штети, а со тоа и до загрозување на живот на луѓето коишто живеат во реонот на поплави или се наоѓаат во непосредна близина, а и да нема штети од поплави по нивните материјални добра, посочуваат од ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Андоновски: Уставни измени под вакви услови нема да има, ЕУ мора да ни гарантира македонскиот идентитет и дека Бугарија да блокира кога ќе посака

Следно

Финалето на Суперкупот нема да се одржи во Русија, новиот домаќин е Грција

Latest from Blog

Цивил: Либерализацијата на продажбата на муниција ја загрозува безбедноста и довербата на ЕУ во нашата земја

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува одлуката на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици на огнено оружје

Шкендија испиша историја: По 8 години повторно македонски клуб во групна фаза на УЕФА!

По пауза од осум години, Македонија повторно ќе има свој претставник во групна фаза на европско натпреварување под капата на УЕФА. По историскиот настап на Вардар во сезоната 2017/18 во Лигата на

КВИЗ: ЕУ за тебе, а ти за ЕУ?

Подготви се за квизот кој ќе ти ја тестира љубопитноста и знаењето за Европската Унија! Дознај интересни факти, провери колку знаеш за историјата, вредностите и улогата на ЕУ, и откриј како ти

Зошто ВМРО-ДПМНЕ да не одговара за креирање на лажни вести: Откако објави фотографија за одредени цели, истата мистериозно исчезна

На ваквиот обид опозициската партија со силна реакција во јавноста ја разобличи како што велат тие ‘грубата манипулација и лага“. „ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска
Go toTop