Кабинетот на Пендаровски се огласи по заканите на Џамбаски, МНР ќе се обрати до Европскиот парламент

January 25, 2023
1 min read

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не ја коментира денешната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во која го потсетува Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

Oд Кабинетот на претседателот Пендаровски посочија дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност и дека сега надлежностите се кај Владата.

– Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот за МИА.

По Советот за безбедност што се одржа во понеделникот, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека СБ и предлага на Владата да забрани влез во земјава на еден европратеник и на неколку други лица, поради сомнение дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба. Тој рече дека на 4. февруари кога се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се очекува во земјава да пристигне организирана група од Бугарија со цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија.

Бугарскиот европратеник Џамбаски денеска преку социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.

И МНР со реакција

Вечерва реагираше и македонското Министерство за надворешни работи кое ги осуди ваквите изјави и најави дека по дипломатски пат ќе го извести и бугарското Министерство за надворешни работи.

– Во овој случај, Министерството ќе препорача и на претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од претседателот на Европскиот парламент. Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, стои во реакцијата од македонското МНР.

Владата ја префрли топката на МВР за тоа зошто нема забрана за влез во Македонија

Владата на вчерашната седница не донесе одлука за прогласување на Ангел Џамбаски и уште четири други лица за персона нон грата. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори зошто не е донесена одлука, туку надлежностите за ова ги префрли на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И Спасовски не одговори дали на 4 февруари на прославата на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев ќе му забрани влез на Џамбаски кој веќе најави дека ќе дојде на одбележувањето на овој ден.

-Ќе одлучиме на 4 февруари, порача Оливер Спасовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бајден: Поддршката на Украина е „обврска на светот“

Следно

Македонија ќе загуби пристап до Креативна Европа, ако до 31 мај не се усогласи со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги

Latest from Blog

ИМА ТРИ КУЌИ, А ЖИВЕЕ ПОД КИРИЈА И РАБОТИ ВО КАФИЧ: Од пеењето до кратко еспресо

По разводот од Ѓолет Ѓогани, пејачката Слаѓа Делибашиќ се посвети на приватниот бизнис, а во една од трите куќи што ги поседува, отворила градинка и се вселила кај станари. Имено, пејачката одлучила

Трамп: Парите од осигурителните компании треба да одат кај Американците, а не кај лихварите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи можен компромис за прекин на блокадата на работата на федералната администрација, повикувајќи ги републиканците државните средства, кои во моментов одат за здравствено осигурување, да ги насочат

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од
Go toTop