Во Скопје се одржа симпозиумот „Турскиот јазик и култура од Централна Азија до Балканот“

December 21, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Како дел од одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија, во Скопје се одржа симпозиумот на тема „Турскиот јазик и култура од Централна Азија до Балканот“, јавува Анадолу.

Симпозиумот се одржа во организација на Сојузот на граѓански организации на македонско турското општество (МАТУСИТЕБ) и Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На настанот присуствуваа потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, заменик-генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Саит Јусуф, претставници на турските институции и организации во Северна Македонија, академици и голем број гости.

Во своето обраќање на отворањето на симпозиумот, Чевик рече дека турскиот јазик и култура опстанале до денес зачувувајќи ја својата посебна и важна позиција на широките географски простори од Централна Азија до Балканот.

Истакнувајќи дека турската култура го открива својот блескав квалитет со сиот свој раскош во Централна Азија, Чевик додаде:

„Турците од Централна Азија во Анадолија и на Балканот дојдоа со својот јазик, мисла и културна акумулација. По монголската инвазија во средината на 13 век, Сари Салтук и по него туркменските племиња, кои подоцна беа споменувани, според него, се преселија на Балканот каде што ги формираа турските заедници. Турскиот јазик и култура, кои зафатија широк географски простор низ историјата, добија место во административниот и општествениот живот, вклучително и Балканот, како и многу други региони, особено за времето на османлискиот период.“

Осврнувајќи се на важноста од познавањето на турскиот јазик во Османлиската Империја, Чевик истакна дека османлискиот турски јазик станал евидентен како императорски јазик под влијание на другите јазици.

Посочувајќи дека многу турски зборови нашле место во балканските јазици, Чевик рече дека интеракцијата на турскиот со балканските јазици денес е предмет на многу научни студии. Тој во својот говор ја вклучи и работата што ја спроведува ТИКА и нагласи дека како институција продолжува да ја зголемува поддршката за опстанокот на турскиот јазик и култура во Централна Азија и на Балканот.

Во оваа пригода, честитајќи им на ТИКА и на МАТУСИТЕБ, Саит Јусуф, заменик-генералниот секретар на ТУРКСОЈ, рече дека темата на симпозиумот е токму задачата што ТУРКСОЈ си ја доделил во 1993 година.

Укажувајќи дека јазикот е најважната алатка на културата, Јусуф рече: „Јазикот е најважна алатка што овозможува пренесување на цивилизацијата и меѓу луѓето и на универзално ниво, но што е најважно, тој е најважната алатка што обезбедува пренесување на културата и идентитетот и на идните генерации.“

Јусуф истакна дека како ТУРКСОЈ работат на ширење и запознавање на турската култура меѓу Турците, зголемување на културните односи и соработка, нејзино презентирање во светот и посочи дека притоа Балканот е еден од важните столбови за тоа.

– „Денес е момент да се покаже длабока почит кон суштината на културната, на историските и националните вредности на нашата нација“ –

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, изјави дека овој симпозиум ја нагласува важноста на националните вредности и нуди можност посилно да се пренесат јазикот и културата на идните генерации.

„Денес ова не е само симпозиум туку и момент на длабоко почитување на суштината на културата, историјата и националните вредности на нашата нација. Турската нација е нација што се бореше да го зачува својот единствен идентитет, јазик и култура низ историјата. На патот што се протега од Централна Азија до оваа прекрасна географија, нашата нација секогаш ја одржуваше својата посветеност на своите национални вредности и култура“, рече Ибрахим.

Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Владимир Мартиновски го честита празникот „21 декември – Денот на наставата на турски јазик“ во Северна Македонија и изјави: „Денешниот симпозиум е посветен на турскиот јазик и култура од Централна Азија до Балканот. Сакам да им честитам на организаторите. Среќни сме што Филолошкиот факултет преку Катедрата за турски јазик и книжевност се вклучува во организацијата на една ваква престижна и значајна активност.“

На отворањето на симпозиумот говор имаше и ректорот на Универзитетот за општествени науки во Анкара, Муса Ќазим Ариџан.

Во рамките на симпозиумот, на кој беше одржан и музички концерт, свои презентации имаа академици од Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Туркије и Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопјанец починал откако бил примен на токсикологија

Следно

(ВИДЕО) Пукање на универзитет во Прага, има ранети и мртви, напаѓачот е убиен

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop