СЗО: Не работи ниту една болница во Северна Газа, нема доктори и не се примаат нови пациенти

December 21, 2023
1 min read

Болницата „Ал-Ахли“ била последната функционална болница. Во неа сè уште се лекуваат пациенти, но не се примаат нови.

Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО во Газа оваа болница ја нарекува „школка од болница“ и вели дека личи на хоспис кој обезбедува многу ограничена нега

Северниот дел на Газа останал без функционална болница поради недостаток на гориво, медицински персонал и залихи, соопштува Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Ројтерс.

Според СЗО, само девет од 36 здравствени установи се делумно функционални во цела Газа.

Сите се концентрирани на југот на Газа.

„Нема функционални болници на север“. Болницата ’Ал-Ахли’ беше последната, но сега таа е минимално функционална. Во неа сè уште се лекуваат пациенти, но не се примаат нови“,

изјави Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО во Газа, за новинарите преку видеоврска од Ерусалим.

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Опишувајќи ја како „школка од болница“, Пиперкорн рекол дека „Ал-Ахли“ личи на хоспис кој обезбедува многу ограничена нега.

„Има околу 10 вработени, сите се помлади лекари и медицински сестри. Продолжуваат да обезбедуваат основна прва помош, како и да направат нега на рани со слаби ресурси. До пред два дена, таа беше единствената болница каде повредените можеа да се оперираат во северниот дел на Газа и беше преполна со пациенти на кои им беше потребна итна помош“,

рече тој.

Според него, веќе не работат операционите сали поради недостаток на гориво, струја, медицински материјали и здравствени работници, вклучително хирурзи и други специјалисти.

„Телата на жртвите од неодамнешните израелски напади беа наредени во дворот на болницата бидејќи не можеа да им се обезбедат достоинствени погреби“,

додаде тој.

Покрај болницата „Ал-Ахли“, северна Газа имаше уште три други минимално функционални здравствени установи, како болниците „Ал-Шифа“, „Ал Авда“ и „Ал Сахаба“, за кои Пиперкорн рече дека засолниле илјадници раселени луѓе.

Според податоците на Министерството, во просек речиси 300 луѓе гинеле секој ден од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел, не сметајќи го седумдневниот прекин на огнот.  

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за итни случаи, Ричард Бренан, рекол дека овие податоци за бројот на жртви ги смета за веродостојни, пренесува Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на Би-би-си. 

Лекарите во Газа велат дека бројот на загинати најверојатно ќе биде значително поголем бидејќи актуелните бројки не ги вклучуваат луѓето чии тела се под урнатините на уништените згради или на оние што не се пренесени во болница. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик

Следно

Се реконструираат улици во Миладиновци

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop