„Тоа не е мој проект, туку на ВМРО-ДПМНЕ“ – Јакимовски: Неподдршката на Алумина е чиста политика

December 19, 2023
1 min read

реклама


Станува збор за проектот Алумина што се планира да се гради во Карпош, Скопје.

Но, истиот стана причина за расправијата во Советот на општината, бидејќи советниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат забелешки и се против.

реклама

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека без разлика кој бил во составот на советот во општината, проектот Алумина имал континуирана поддршка, додека ова што сега се случува сега е чиста политика. Според него, факт дека е чиста политика е тоа што претходните одобренија ги давале министрите на ВМРО-ДПМНЕ и сега тие се најгласните противници.

На брифингот со новинарите Јакимовски говореше за придобивките што ги носи овој проект, при што рече дека патиштата ќе бидат подземни, додека над земја ќе има зеленило, шеталишта и простор за рекреација.

реклама

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија против, додавајќи дека против се и граѓаните, а тврдат дека проектот има бизнис позадина во интерес на Пуцко Петрол.

„Граѓаните велат не за ваков ДУП, експертите велат не, јавноста вели не, само градоначалникот на Карпош и бизнис коалицијата ДУИ-СДС вели да. За чиј интерес работи оваа екипа? За интересот на граѓаните, очигледно не, туку само за нечии тешки бизнис интереси“

реклама

Градоначалникот на Карпош исто така појасни дека во сите претходни планови за оваа локација биле предвидени објекти високи до 105 метра. Рече дека во последниот план повторно има еден објект висок 105 метра каде се предвидени две висококатници на 35 ката. Всушност, според него, ова е предлог на Стефан Богоев од кого го наследил овој проект.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност

Следно

„Србија против насилството“ втора ноќ на протест за поништување на изборите: Ќе го признаевме поразот ако загубевме но, тука имаше кражба

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop