Законот за матична евиденција утре повторно на седница на Уставниот суд

December 19, 2023
1 min read

реклама


Уставниот суд утре ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција.

Овој предмет, како што информираат од Уставен, беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година при што се исцрпи  дискусијата, но во фазата на гласање, предлогот не го доби потребното мнозинство. Судијата-известител Дарко Костадиновски, тогаш предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза Уставниот суд да ја оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство од најмалку пет гласа „за“. 

реклама

Подносител на иницијативата е Политичка партија „Левица”, а оспорени одредби се член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста”, сите од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).

Од наводите во иницијативата се вели, дека според подносителот, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Портпаролката на СЗО за состојбата во болниците во Газа: Невозможно е да се поверува дека светот дозволува вакво нешто

Следно

ЕУ само за Ковачевски ќе ги отвори сите поглавја од преговорите одеднаш

Latest from Blog

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети

Потпишан Меморандум за разбирање и за соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка , можности за нови проекти и инвестиции  

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во

Неверојатно: Играчи на Арсенал и Тотенхем заедно прославуваа!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Arsenal/ Играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лигата со спектакуларна забава, која траеше цела ноќ и заврши со неочекувана средба со играчи од големиот ривал Тотенхем. Тие прво организираа раскошна
Go toTop