РЕЖИСЕРКАТА ТАМАРА КОТЕВСКА НАГРАДЕНА ВО ТУРЦИЈА ЗА ПРИДОНЕС ВО ДОКУМЕНТАРИСТИКАТА

December 19, 2023
1 min read

Македонската режисерка Тамара Котевска доби награда за за оставање трајни вредности во документаристиката, на годинешното 14. издание на Меѓународните награди за документрани филмови на турската државна телевизија ТРТ во Истанбул, Турција. Котевска, која има 2 номинации за Оскар за документарецот „Медена земја“, беше и членка на жирито во интернационалната програма, а одржа и мастерклас на тема „Номинација за Оскар и преминување на границите на документаристиката“.

„Ја ценам нашата долга соработка со ТРТ, која што продолжува. ТРТ беше првата филмска институција која ѝ додели награда на ‘Медена земја’ уште како дело во развој на Сараевскиот филмски фестивал 2017 година, таа беа првата што ја препозна нашата работа во многу рана фаза кога оваа поддршка беше клучна за снимањето на филмот. ТРТ го поддржа и мојот прв игран филм ‘Човек против јато’ кој е во претпродукција“, објави Котевска на Фејсбук велејќи дека наградата ѝ била прекрасно изненадување.

Играното деби на Тамара Котевска „Човек против јато“ беше поддржано со 325.000 евра од македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а годинава доби и поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Филмот треба да е снма вгодина, а има и поддршка од ТРТ.

Последен проект на Котевска е документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk), кој имаше светска премиера на 9 ноември во Њујорк, на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC) , најголемиот американски фестивал за документарци.

Таа на 1 септември говореше на гала настанот „Светла! Камера! Влијание!“ (Lights Camera Impact) на 80. Венециски фестивал фестивал. Котевска говореше и со кус исечок го претстави новиот документарец за глобалната сензација, куклата Амал која патува низ светот и ја крева свеста за бегалците.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од три ипол години

Следно

Мицкоски потпиша меморандум за соработка со НДИ во рамки на програмата „Победи со интегритет“

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop