Османи: Мисијата на ОБСЕ преку своите проекти придонесува во борбата против говорот на омраза

January 25, 2023
1 min read

Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија континуирано преку програми го унапредува знаењето на младите за целите и вредностите на Организацијата во однос на безбедноста, толеранцијата, недискриминацијата, спречување на ширење говор на омраза.

Актуелниотпретседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, за време на својата прва теренска мисија во земјава, беше во посета на канцеларија на ОБСЕ во Тетово и разговараше со младите кои се дел од програмите за повеќе-јазично образование.

„Би ја потенцирал континуираната работа на Мисијата за поддршка на младите во Северна Македонија, која има за цел интеракција меѓу етничките заедници и со тоа постигнување на уште поголема социјална кохезија. Уште една значајна компонента во конкретниот проект е поддршката на Мисијата во тековната програма за борба против говорот на омраза, која се одвива во тесна соработка со локалната полиција за интеракција со младите, фокусирајќи се на прашањето за говорот на омраза од аспект на етничката припадност и родовата еднаквост“, изјави Османи за време на посетата.

Работата на ОБСЕ во Северна Македонија опфаќа бројни активности од широк спектар на области како: владеење на правото, градење цврсти демократска институции, независно судство, почитување на човековите права, слобода на медиумите, обезбедување помош и поддршка за реформите во изборниот систем, подобрување на социо-економските фактори и инклузивните политички процеси со целосно учество на граѓанското општество.

Османи најави интензивирање на интеракцијата со теренските мисии, како и воспоставување синергија меѓу приоритетите на претседавањето и оние на теренските мисии за да се поддржат и охрабрат луѓето на кои им треба помош, што е во согласност со мотото на Претседателството, а тоа е „За луѓето се работи“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

Следно

Англиските клубови оваа зима потрошија рекордни 440 милиони фунти за засилувања

Latest from Blog

Меџити на ифтар со ИВЗ: Молитви, добрина и заедништво

Претставници на политичкиот и јавниот живот вечерва присуствуваа на ифтар организиран од Исламската верска заедница, меѓу кои и Изет Меџити, кој преку објава ја истакна пораката за заедништво, почит и духовна блискост

Викенд за чист Прилеп: Еко акција на ЈКП “Комуналец” за почист град

Викендов, еко активисти од населбата Тризла заедно со ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа симболична акција за чистење, со цел да поттикнат свест кај граѓаните за одржување на чиста животна средина. Граѓаните беа
Go toTop