Доњецк: Медицинските екипи ги евакуираат ранетите украински војници за време на интензивните судири

December 19, 2023
1 min read

ДОЊЕЦК (АА) – Медицинските екипи ги евакуираат ранетите украински војници во источниот регион на Доњецк за време на интензивните судири со руските сили во таа област, особено во близина на градот Авдиевка, јавува Анадолу.

Од првата линија на фронтот медицинските тимови ги евакуираат ранетите војници во „стабилизациски точки“ далеку од местото каде што продолжува конфликтот меѓу руските и украинските сили.

Медицинските екипи, по известувањето за ранетите војници, веднаш заминуваат на фронтот и остануваат во рововите за да им укажат прва помош.

За да избегнат можни напади со беспилотни летала или артилериски напади, тие претпочитаат да работат ноќе, но својата должност ја извршуваат и во опасни средини во текот на денот во случаи кога има тешко повредени.

„Наша главна должност е да го запреме крвавењето на ранетите, да ги превиеме и да им дадеме лекови за да се доведат до ‘точка на стабилизација’“, изјави за Анадолу командантот на украинскиот медицински тим, со кодно име Велики.

Тој рече дека тој и неговиот тим им давале прва помош на повредените војници што доаѓаат од неколку области и дека моментно најинтензивните судири меѓу руските и украинските сили се водат кај Авдијивка, како и кај Купијанск и Бахмут.

„Генерално работиме во правец на Доњецк. Интензитетот на конфликтот е зголемен од 10 октомври. Понекогаш се намалува, понекогаш повторно се зголемува. Имаме многу тимови што работат на ротација, 24 часа сме на повик“, рече Велики.

Тој е горд што никој не загинал под нивен надзор при евакуацијата.

„Се трудиме да си ја завршиме работата ефикасно и брзо. На фронтот сум повеќе од една и пол година. Нашиот тим е добар, добро координиран и секој знае што треба да направи“, посочи Велики и додаде дека повредите со кои се здобиле војниците во последно време најчесто се предизвикани од напади со беспилотни летала.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тројца скопјани вчера настрадаа од улични кучиња

Следно

Европски Сојуз за Промени: Стево Пендаровски на најнепожелен начин го заврши мандатот

Latest from Blog

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата

Во Македонија канабисот најзастапен, кокаинот и екстази во подем 

Во Македонија канабисот е најчесто користена дрога, ЦБД производите и кокаинот, покажува европско веб истражување за дроги во Македонија кое го објави Институтот за јавно здравје.  Во истражувањето вознемирува фактот што многу
Go toTop