Заврши гласањето во Србија, излезноста поголема од претходните избори

December 17, 2023
1 min read

До 19 часот според официјални информации на Цесид/Ипсос излезноста била 55,9 отсто на ниво на цела држава, што е за 1,3 отсто повеќе од претходните избори во 2022 г. додека пак во главниот град Белград, каде покрај гласањето на вонредните парламентарни избори, граѓаните гласаат и за градоначалник на градот, излезноста е 51,07 отсто, што е за 3,2 отсто повеќе од минатите избори кога излезноста биле 48,05.

Актуелната премиерка Ана Брнабиќ најави дека ќе им се обрати на граѓаните на прес-конференција закажана за 20:30 часот, додека пак од опозициската „Србија против насилство“ обвинуваат дека во Белград се нотирани голем број на нерегуларности, а во Белградската арена било дозволено да гласаат луѓе од околните земји, но овој илегален обид бил спречен од страна на нивната коалиција.

Првите официјални бројки се очекува да бидат соопштени околу 21:30.

Денеска во Србија, вкупно 6 500 666 запишани избирачи во имаа можност да гласаат на парламентарни избори и избори за пратеници во Собранието на Војводина, како и на локални избори во 65 општини и градови, вклучувајќи го и Белград. Гласањето на 8 273 избирачки места низ целата држава е почнато утринава во 7 часот и заврши во 20 часот. Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, на првата прес-конференција на денот на изборите рече дека сите избирачки места се отворени навреме.

Ова се 14. парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем, а дури деветти вонредни. На парламентарните избори во Србија учествуваат 18 изборни листи, со предложени вкупно 2 817 кандидати за 250 пратенички места. За 120-те пратенички места во Собранието на Војводина се натпреваруваат 13 избирачки листи, а за 110-те советнички места во Собранието на Белград ќе се натпреваруваат 14 изборни листи.

Косовските Срби гласаа на избирачки места во јужниот дел на централна Србија – во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин. Лицата кои на денот на гласањето отслужуваат воен рок, воена обука или обука во единици или институции на Вооружените сили на Србија можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места во повеќе општини.

Српските државјани кои живеат во странство можеа да гласаат во 35 земји на 81 избирачко место, а регистрирани беа 39 270 гласачи. Поради разликата во временските зони, гласањето во САД, Канада, Португалија и Велика Британија се одржа вчера.

За една изборна листа да може да влезе во Собранието и да освои пратенички мандати потребно е да го помине прагот од три проценти, а во распределбата на мандатите учествуваат и партиите и коалициите на националните малцинства и доколку освојат помалку од три проценти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако Спасовски се согласува со Агелер, тогаш да си поднесе оставка

Следно

Првпат од почетокот на војната беше отворен граничниот премин помеѓу Газа и Израел

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop