Каков е тенкот „леопард 2“, колку е моќен и зошто е толку посакуван

January 25, 2023
1 min read

На Украинците им требаат тенкови „леопард 2“ за да ги пробијат непријателските линии во она што веќе некое време беше прилично статична рововска војна

Германија ќе испрати 14 тенка „леопард“ во Украина, Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Германската влада официјално ја потврди испораката на 14 тенка „леопард“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји, соопшти владата во Берлин.

Досега Украина најмногу се потпираше на тенковите Т-72 од советската ера. Некои од нив беа заробени и од руските војници. Но, за пресврт на бојното поле, потребно е помодерно оружје. Затоа владата во Киев веќе подолго време бара меѓународни испораки на борбени тенкови, а особено на борбените тенкови „леопард 2“ од Германија. Моделот технички е супериорен во однос на руските тенкови, пишува Дојче веле.

На Украинците им требаат тенкови „леопард 2“ за да ги пробијат непријателските линии во она што веќе некое време беше прилично статична рововска војна.

„Потребни ни се тенкови за да ја спасиме нашата енергетска инфраструктура, да ги спасиме Украинците од криминал“,

неодамна нагласи украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок на источна Украина.

Сигурен и модерен тенк

Но, зошто „леопард 2“ е толку посакуван? Овој тенк тежок приближно 60 тони и долг 10 метри се смета за еден од најдобрите и најмодерни борбени тенкови во светот: сегашната верзија на главниот борбен тенк е „леопард 2 А7“, кој се испорачува од 2014 година. Компанијата „Краус-Мафеј Вегман“ испорача повеќе од 3 500 тенка „леопард 2“ од почетокот на производството во 1978 година.

Неговото главно оружје е топ со т.н. со мазна цевка од 120 мм. Неговата максимална борбена оддалеченост е 5 000 метри и може да отвори оган и додека е во мирување и во движење. Според Бундесверот, силните страни на „леопардот“ се во комбинацијата на огнена моќ, оклопна заштита и мобилност. Достигнува брзина до 70 км/час, а се придвижува од релативно економичен дизел мотор.

И токму можноста за отворање оган додека се движи, па дури и додека се движи наназад, го прави супериорен „леопардот“, како и другите модерни тенкови, како американскиот „абрамс“ или францускиот „леклер“.

„Овие тенкови можат да отворат оган додека се движат со полна брзина. Руските тенкови, како што е Т90, не можат да го направат тоа“,

вели Ралф Ратс, специјалист за воена историја и директор на германскиот музеј за тенкови.

Покрај тоа, како што вели овој историчар, „леопардот“ е сигурен и лесен за одржување. Освен Германија, моментално го користат уште најмалку 14 нации во различни приспособени варијанти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Градежна офанзива во Бутел: Ќе се асфалтираат 35 улици

Следно

Германската влада ја потврди испораката на 14 „Леопарди“ на Украина

Latest from Blog

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop