Според Захариева, македонскиот претседател им служи на Србија и Русија, а Софија мора остро да реагира на неговите изјави   

January 25, 2023
3 mins read

За предлогот на Пендаровски до Владата на С Македонија на еден европратеник и уште неколку други бугарски државјани да им биде забранет влез во земјава, поранешната шефица на бугарската дипломатија вели оти искрено се надева дека македонската Влада нема да го почитува неговото барање бидејќи тоа ќе доведе до уште поголема ескалација во билатералните односи

Изјавите на Пендаровски веќе втор ден ги брануваат бугарските политички кулоари, а ваквата атмосфера ги зафаќа и медиумите, што се рефлектира и во формулацијата на прашањето на новинарот на БГНЕС кон Захариева на оваа тема. Имено, тој самиот се впушта во коментар на изјавите на претседателот Пендаровски оценувајќи ги како „грозни, да не речам расистички и нацистички“

Македонскиот претседател Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина туку служи на политиките на Србија и Русија на Балканот, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за БГНЕС, во кое ги коментира изјавите на Пендаровски по завчерашната седница на Советот за безбедност.

Екатерина Захариева, која е актуелна претседателка на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент, за денеска свика седница на која ќе биде сослушан амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов/Фото: Принтскрин

Захариева бара остра реакција од Бугарија во врска со изјавите на претседателот на С Македонија кои, како што потенцира, не помагаат во развојот на билатералните односи меѓу Софија и Скопје.

Изјавите на Пендаровски веќе втор ден ги брануваат бугарските политички кулоари, а ваквата атмосфера ги зафаќа и медиумите, што се рефлектира и во формулацијата на прашањето на новинарот на БГНЕС кон Захариева на оваа тема. Имено, тој самиот се впушта во коментар на изјавите на претседателот Пендаровски, оценувајќи ги како „грозни, да не речам расистички и нацистички“.

„Бугарија мора да има многу дефинитивна и остра реакција на изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. За жал, ова не е првпат да дава остри изјави кои не помагаат во развојот на билатералните односи“,

вели Захариева, која во моментов е пратеничка во 48. Народно собрание на Бугарија и претседателка на Комисијата за надворешна политика.

Од оваа позиција таа за денеска свикала седница на комисијата на која треба да биде сослушан бугарскиот амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, кој деновиве беше повикан на консултации во Софија.

„Многу е важно од него да се слушне од прва рака, кој е начинот за нормализирање на односите, каква треба да биде бугарската реакција, да го слушнат и ставот на народните избраници и шефот на дипломатијата“,

вели Захариева во интервјуто.

Во врска со односите меѓу двете земји, таа се согласува дека тие треба да се смират, но веднаш додава дека за тоа пред сè е потребна соработка од официјалните власти во Скопје бидејќи, како што вели, без нивна помош „ескалира тензијата кон македонските Бугари“.

За предлогот на Пендаровски до Владата на С Македонија на еден европратеник и уште неколку други бугарски државјани да им биде забранет влез во земјава, поранешната шефица на бугарската дипломатија вели оти искрено се надева дека македонската Влада нема да го почитува неговото барање.

„Тоа (ако Владата ги прифати барањата н.з.) многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи на оние бугарски политичари кои не сакаат да ги пуштат на територијата на РСМ. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите“,

вели пратеничката на ГЕРБ.

Посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во неделата, за време на која заедно со својот бугарски колега го посетија натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, таа ја оценува како обид за смирување на ситуацијата.

„Слушнавме извинување од министерот Османи, но не и од нивниот премиер“,

вели Захариева и нагласува дека Пендиков и останатите граѓани со бугарска самосвест во Бугарија живеат во неизвесност во С Македонија.

Поранешната бугарска министерка и актуелна пратеничка вели дека не е првпат да има физичко насилство врз македонските Бугари и тврди дека тие секојдневно се подложени на вербален притисок и дека сето тоа се случува со одобрение на властите во Скопје.

„Факт е дека Христијан Пендиков не се чувствува безбедно и се плаши да се врати. Факт е дека повеќе сакал да се лекува во Бугарија. Тоа е исто така многу индикативно за неговата доверба во овие посети и зборови. Тоа е нула. Во недостиг на дела, зборовите не се доволни“,

вели Захариева.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во понеделникот на прес-конференција по завршувањето на седницата на Советот за безбедност изјави дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

Тој информираше дека според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик, бидејќи организирани структури во Бугарија, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија мобилизираат повеќе лица да дојдат во Скопје.

Владата по вчерашната седница соопшти дека донела заклучоци во врска со одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, и го задолжила Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на настанот, согласно препораките од Советот за безбедност.

Сепак, во делот околу предлогот на Пендаровски за прогласување на европратеникот и уште неколку други бугарски државјани за персона нон грата, Владата не се изјасни на вчерашната седница.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

На бебињата ќе им кратат од оловото

Следно

Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Latest from Blog

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на
Go toTop