Д-р Митрев до претседателот на ЗНМ: Зошто не смеам да ја кажам својата страна и зошто секој новинар што разговара со мене треба да биде ставен на јавен линч?

January 25, 2023
2 mins read

Д-р Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот за Клиниката Жан Митрев и за докторот. Митрев елаборирајќи го односот од страна на ИРЛ кон сите медиуми и новинари што ќе објават информација или интервју со него, посочува на непостоење на елементарното право на слобода на говор и мислење а со тоа и нарушување на Кодексот на новинари со постојани напади на независно изнесените факти и страната на Клиниката Жан Митрев.

„Сведоци сте дека секој обид да ја прикажам мојата страна на приказната во јавност наоѓа на напади кон мене и новинарите кои ме интервјуираат или ја пренесуваат веста. Сакам да ви поставам прашање според кој етички новинарски кодекс јас не смеам да ја кажам својата страна и според која колегијалност секој новинар што ќе разговара со мене треба да се стави на јавен линч. Дали новинарите на ИРЛ се и истражители, и адвокати, и обвинители, и судии? Дали според некој кодекс нивниот збор треба да е последен и дали јас како личност немам право да комуницирам со новинари? Не го разбирам јас овој концепт на новинарство кога некој не смее да каже нешто. Нели сите сме за почитување на јавно искажаниот став без разлика каков е и за слобода на говорот. Зарем мене треба таа слобода да ми биде одземена бидејќи некој сака да ме прикаже во светло кое не е вистината. Дали јас не треба да се обидам да ја прикажам вистината? Ве прашувам Вас бидејќи најлошо е некој да се обиде да се замолчи, а во исто време да се линчува јавно без никаква причина“, пишува во писмото д-р Митрев.

Со целосно разбирање за новинарската професија и истражувачкото новинарство, д-р Митрев отворено го поздравува секој чекор на истражувачко новинарство, но вистинско и со јасно претставување на двете страни. Тој во писмото до претседателот на ЗНМ, ја објаснува својата позиција во која се наоѓа и причините што доведоа до тоа: „Се соочувам со можеби најтешката криза што ја имам лично и мојата Клиника поради натписите во ИРЛ каде бев обвинет дека правам експерименти врз пациенти, дека не сум доктор, дека ‘заработувам’ на здравјето на луѓето. Употребени беа квалификации како ‘убиец, д-р Менгеле’ и слични зборови на омраза со кои неосновано ме етикетира во нешто што јас не сум. Работам во оваа држава со децении, се обидувам да направам најдобро што можам и искрено се обидувам да бидам максимално толерантен на сите напади. Особено бидејќи станува збор за човечки животи. Со вашиот претставник имавме комуникација кога се снимаше интервјуто на ИРЛ каде сакав само да се заштитам од вадење од контекст на моите одговори што и самиот сте свесен се случува понекогаш во некој новинарски прилог, некогаш поради временското ограничување, некогаш поради немарност. Со ИРЛ бевме договорени да се објави целосното интервју по емисијата на каналот YouTube што истото не беше испочитувано. Не барав многу од нив за да не добијам ништо“, објаснува д-р Митрев.

Д-р Митрев во писмото уште потенцира дека заради разбирање на сензитивноста на новинарската работа, ја повлече тужбата за ИРЛ, но истовремено не разбира како овој личен чин е негативен?

“Не разбирам зошто додека трае процесот не смеам да се појавам во јавност? Па јас сум обвинет, не сум осуден. Дали ме осудија вашите колеги пред судот? Дали ми го одземаат зборот што имам право да го кажам? Вас ве молам за разбирање на ситуацијата во којашто се наоѓам. Не сакам да креирам дополнителни проблеми, но не сакам да останам нем за да задоволам нечии задни намери. Ќе продолжам да работам, да се борам да ја докажам вистината и Ве молам да ги заштитите Вашите колеги кои се ставени на јавен линч поради мене“, го завршува писмото д-р Митрев.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џошуа Кушнер стана побогат од Доналд Трамп

Следно

Ципрас бара оставка од Мицотакис

Latest from Blog

Просечната нето-плата во февруари достигна 43.053 денари – раст од 9,6% за една година

Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43.053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен

Денеска  се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска  ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година. На настанот ќе биде прочитана светската

Скопјани фрлиле 30 проценти од вкупното ѓубре минатата година

И покрај зголемените напори за подигнување на еколошката свест, Северна Македонија продолжува да се справува со алармантни количини на комунален отпад. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во 2024 година

„Комити“ најавија гостување во Битола

Скопската навивачка група „Комити“ го најави гостувањето во Битола пред големото ракометно дерби кое ќе се одигра помеѓу РК Е.Пелистер и РК Вардар. По забраните пред неколку години, одново „вечното дерби“ ќе

Сончево време со умерена облачност

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и
Go toTop