Оштетени штедачи на ЕСБ: Дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!?

January 25, 2023
1 min read

Еуростандард банка се ограбувала со години за да на крај се затвори пред две и пол години. Веднаш откако се затвори, многу повикани и неповикани личности збореа за банката и сите се согласија дека се работи за масовен грабеж на депозити или организиран криминал кој се случувал во банката со години. Украдени се повеќе десетици милиони евра. И после толку поминато време нема ниту еден обвинет иако финансиската полиција констатира мрежа од фирми преку која се одлевале пари од депозитите како неповратни кредити одобрени од раководните лица во банката, реагираат оштетените штедачи од Еуростандард банка .

-Додека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започна истрага против четворица одговорни лица од банката за предизвикување стечај на банката и за перење пари пред речиси две години. И тоа е сé. Веќе две години нема ниту одлука од обвинителството ниту збор од надлежните институции за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка. Нема никаква реакција ниту на јавното признание од Трифун Костовски, еден од осомничените лица за организираниот криминал, дека свесно сторил кривично дело поради кое исчезнале три милиони евра од депозитите во банката. Обвинителството и понатаму молчи додека законските рокови за нивна одлука од спроведената истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка се веќе поминати уште минатата година. Па затоа се прашуваме дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? Инаку, сите индикации покажуваат дека во Еуростандард банка се спроведувал континуиран грабеж на депозити со години. Не се почитувале ниту кредитната политика на банката, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити на некредитоспособни фирми без исполнување на основни критериуми за одобрување. Кредитите се одобрувани од раководниот тим на банката. Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски се раководните одговорни лица кои ги предводеле надзорниот, управниот и кредитниот одбор во Еуростандард банка и кои се носители во одобрувањето неповратни кредити на некредитоспособни фирми. Со нивни потписи се случувало масовното раздавање на неповратни кредити, активност која станала толку голема да банката пропадне и се затвори, велат штедачите.

„Еуростандард банка е добар показен пример за организиран криминал и корупција. Таму е почнат криминалот пред многу години, но не е и завршен. А би требало да заврши со кривична одговорност и казна за оние кои го организирале и спровеле криминалот. Страшно е што толку долго време нема никаква реакција од државата, од институциите кои се надлежни за справување со и казнување на нелегални криминални активности, а пред и се од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Дали неказнивоста е само поттик и охрабрување да се случуваат други слични криминални активности на штета на сите граѓани и фирми кои се значајни клиенти во банкарскиот сектор? Дали тоа значи и дека ограбувањето депозити на граѓаните и фирмите со неказнивост ќе стане пракса и од некоја друга банка во иднина? Игнорантскиот однос на државата и надлежните институции кон организираниот криминал во Еуростандард банка го покажува тоа“ – посочуваат тие.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Извештај на Комитетот за заштита на новинарите: Во 2022 година се убиени 67 медиумски работници

Следно

Денеска на Уставен суд ќе се одлучува за ДУП во Центар

Latest from Blog

Полицијата во Јапонија доби овластување да пука во мечки: Причина – чести напади врз луѓе

Поради зголемениот број напади од мечки, Јапонија ѝ дозволи на полицијата да користи оружје за убивање мечки почнувајќи од четврток, објавија локалните медиуми. Според извештајот на Кјодо њуз, стапија на сила новите

Владика Петар до Вранишковски: Се служи со големи манипулации, Господ да му прости

Во неговото искажување, во претходните како и во последното, Вранишковски се служи со големи манипулации, жалам јас и Господ да му прости, ако прошка може да се даде за свесно изнедување невистини,

Објавен е трејлерот на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“- по 20 години се собра славната екипа (ВИДЕО)

Речиси дваесет години откако ги добија своите легендарни улоги како Миранда, Енди, Емили и Најџел – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќаат на модните улици на Њујорк

Ајкула од пет метри е снимена во близина на популарно летувалиште, за научниците тоа е одлична вест

Но, истражувачите открија дека под површината на Балеарското Море е скриено многу повеќе отколку што се гледа на прв поглед. Тим научници, предводен од фондацијата „ Save the Med “, забележа ретко
Go toTop