Борис ќе прави камбек како премиер?

December 11, 2023
1 min read

Паниката кај ториевците е заради тоа што анкетите покажале дека голем број нивни гласачи почнале да се вртат кон Реформската партија, наследникот на Брегзит партијата на Најџел Фараж, чија популарност неочекувано скокна по успешното учество на Фараж во реалното шоу „I’m A Celebrity“.

Планот е да се гласа против неколку закони на Сунак, (меѓу кои и предлогот за депортирање на мигрантите назад во Африка) и притисокот од неуспехот да доведе до негова замена со Џонсон, кој се доживува како единствен конзервативец способен да го „неутрализира“ влијанието на Фараж.

Од кабинетот на Сунак инсистираат дека тој ќе разговара со своите сопартијци и дека ќе ги предводи ториевците на следните избори.

И покрај тоа што Џонсон моментално не е член на парламентот, постои можност пратеник од Конзервативната партија да се откаже од „сигурно“ столче и на негово место да дојде поранешниот премиер. Ваквиот потег не би можел да биде блокиран од раководството на партијата.

„Да беше Џонсон се уште во Долниот дом на Парламентот, тој веќе ќе беше вратен. Ќе имаше крунисување. Само погледни ги анкетите. Борис е најдобриот за кампањи што го имаме, и тоа неспоредливо. Ако сакате да соберете гласови на следните избори, Борис е вашиот човек,“ пренесува Дејли меил изјава на еден поранешен британски министер.

Меѓу луѓето што работат на враќање на Џонсон се и пратеници кои гласаа за негова оставка во септември минатата година.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски во МКЦ

Следно

Пендаровски: Неодамнешното двојно убиство ни покажа дека радикалните структури и говорот на омраза можат да резултираат со трагични последици

Latest from Blog

Меџити: Курбан Бајрам носи пораки за жртва, единство и грижа за ближните

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на

Меџити со честитка за Курбан Бајрам: Најголемата сила е во добрината

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по повод Курбан Бајрам упати честитка до верниците, нагласувајќи дека празникот носи пораки за вера, солидарност и меѓусебна грижа. „Во денот на
Go toTop