Израел приведе уште 60 Палестинци на Западниот Брег поради тензиите

December 6, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Најмалку 60 Палестинци се приведени од израелските сили во новите воени напади низ окупираниот Западен Брег, според локалната невладина организација, пренесува Анадолу.

Здружението на палестински затвореници соопшти дека меѓу приведени има 30 Палестинци, кои беа притворени во Џенин на северниот дел на Западниот Брег.

„Приведувањата беа обележани со малтретирање, тешки тепања и закани кон затворениците и нивните семејства, заедно со акти на саботажа и уништување во домовите на граѓаните“, се додава во соопштението на невладината организација.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег поради израелската воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според палестинските податоци, оттогаш израелската армија убила 263 Палестинци и привела повеќе од 3.640 Палестинци на Западниот Брег.

Бројките објавени од групите за прашања на затворениците покажуваат дека најмалку 7.800 Палестинци моментно се наоѓаат во израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на три нови аудио изданија на СОКОМ

Следно

Уапсен 27-годишник поради убиство на 76-годишен сограѓанин

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop