Израелската војска во текот на целата ноќ го бомбардираше Појасот Газа, користеше и фосфорни бомби

December 6, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската Армија уби многу Палестинци во нападите што продолжија во текот на ноќта во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според вестите на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, во израелското бомбардирање на две куќи во бегалскиот камп Нусајрат во централниот дел на Појасот Газа загинале шест лица, а многумина се повредени.

Три лица се убиени, а многумина се повредени кога израелските воени авиони бомбардираа куќа во градот Хан Јунис во јужниот дел на Газа.

Израелската Армија со артилериски оган ги погоди населбите Ал-Туфах, Ал-Дарај и Ал-Шуџаија во градот Газа и регионите Ал-Фухари, Хузаа и Абсан источно од Хан Јунис.

ВАФА наведува дека израелските сили жестоко го нападнале центарот на бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа со фосфорни бомби.

Тимовите за цивилна одбрана соопштија дека многу мртви и повредени се затрупани под урнатините поради нападот на израелската Армија и дека е тешко да се извлечат од урнатините.

Израелските сили приведоа 35 здравствени работници, вклучително и лекари и работници на брзата помош во Појасот Газа.

Израелската Армија соопшти дека во последните 24 часа извршила воздушни напади на околу 250 локации во блокираниот Појас Газа.

И покрај повиците за прекин на огнот од целиот свет, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа.

Израелската Армија, која започна копнен напад врз Хан Јунис на југ, како и на северот на Појасот Газа, ги засили воздушните напади во регионот.

Во соопштението на Армијата се наведува дека во последните 24 часа биле извршени воздушни напади на околу 250 локации во Појасот Газа.

Тие тврдат дека биле погодени локациите каде што се наоѓаат бригадите Ал Касам, вооруженото крило на Хамас.

Израел во петокот ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа, откако заврши еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас, бидејќи страните не успеаја да се договорат за условите за одржување на примирјето.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади на 7 октомври се зголеми на 16.248.

Меѓу жртвите има 7.112 деца и 4.885 жени. Во израелските напади беа ранети повеќе од 43.616 луѓе.

Околу 7.600 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати во урнатините низ Појасот Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: СДС и ДУИ го уништија образованието, Македонија е на дното на ПИСА тестирањето

Следно

Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло

Latest from Blog

Ексклузивно: Со иницијатива на МАЕИ, Советот на Општина Пустец донесе одлука против изградбата на кампови за мигранти во Преспа

Со иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа. Одлуката беше усвоена денеска

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе

МБИ10 со раст од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, ОКТА со најголем скок на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 26 февруари 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,16% и заврши на 10.134,72

Един Џеко за Билд: Се откажав од многу пари за да играм за Шалке 04

Босанската фудбалска легенда Един Џеко во опширно интервју за престижниот Билд, објави дека кога потпишувал за Шалке 04 зимава одбил сериозни понуди од најразлични клубови. Сепак, желбата да заигра за овој легендарен
Go toTop