Тројца Палестинци убиени во израелски оган на Западниот Брег

December 6, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Уште тројца Палестинци се убиени во израелски оган на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Организацијата на Црвената полумесечина соопшти дека двајца Палестинци се застрелани, а уште тројца ранети за време на израелскиот упад во бегалскиот камп Ал-Фара и градот Тамун, во северниот дел на Западниот Брег.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 30-годишен Палестинец, кој беше повреден минатата недела во израелски оган во градот Тулкарем, денес им подлегнал на повредите.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, со денешните жртви бројот на загинати на Западниот Брег од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската група Хамас од 7 октомври се искачи на 263.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш се убиени повеќе од 16.240 Палестинци, од кои 7.112 деца и над 4.885 жени, а ранети се повеќе од  43.600 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. 

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кривичен објави за одобрениот притвор за осомничените за убиството на Вања и Панче

Следно

Петок 8. декември Св. Климент Охридски е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop