Украински војник: Тенковите играат клучна улога во одржувањето на линијата на одбрана во близна на Авдиивка

December 3, 2023
1 min read

ДОЊЕЦК (АА) – Украински војник со кодно име Санјок рече дека тенковите стационирани на линијата на фронтот во близина на градот Авдиивка играат важна улога во одржувањето на одбранбената линија во текот на судирите со руските сили, известува Анадолу.

„Се разбира, ја држиме линијата на одбраната благодарение на тенковите. Тенковите и артилерискиот систем се исклучително важни. Работата на тенковите, артилеријата и пешадиските единици се координирани“, изјави за Анадолу војникот со кодно име Санјок.

Тој рече дека руските сили од крајот на минатата година изведуваат интензивни напади врз градот Бахмут кој се наоѓа во близина, додавајќи дека руската војска сега се обидува да го заземе Авдиивка.

„Има судири во правец на Авдиивка, жестоки како во Бахмут, а можеби и поинтензивни“, додаде Санјок.

Тој истакна дека украинската војска се бори за територијален интегритет на земјата и е подготвена да служи на првата линија од фронтот до самиот крај.

Командантот со кодно име Каспер, рече дека се водат интензивни судири во регионот во кој тој е распореден.

„Тенкот е многу ефикасно борбено возило. Сите се плашат од него. Тенк може да пука од затворена или отворена позиција“, рече Каспер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лицата co попреченост ќе се вработуваат без оглас во Министерството за одбрана, најави Петровска

Следно

Премиерна проекција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски во чест на празникот Св. Климент Охридски

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop