(ФОТО) Улиците околу „Борис Трајковски“ како во времето на корона-карантинот

November 30, 2023
2 mins read

Како што се приближувавме кон СЦ „Борис Трајковски“, се зголемуваа и обезбедувањето и контролите. По улиците по некој пешак и забрзани возила со делегациите што учествуваат на настанот

Празни улици, полиција, хеликоптери, забрзани колони со светските делегации. Вака утрово изгледаат улиците околу салата „Борис Трајковски“ во која втор ден се одржува Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.

Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е затворено, како и останатите училишта во Скопје.

Дворот на ГУЦ „Здравко Цветкоски“ – Скопје, фото: „360 степени“

Само една од трафиките во близина утрово беше отворена. Продавачот замислено гледаше низ отворот на трафиката кога го прашавме како тргна денот.

Трафиките во близина на ГУЦ „Здравко Цветковски“ – Скопје, фото: „360 степени“

„Денеска ништо не работи. Ниту училиштето во близина. Децата ни прават најмногу промет. Празно е утрово. Така ќе тераме“,

рече тој.

Улицата „8 Септември“ е затворена за возила. Полицаецот што патролираше на барикадата ни рече – штом имате акредитација, слободно движете се кон спортскиот центар пеш.

Улицата „8 Септември“ е затворена за сообраќај, фото: „360 степени“

Повозрасна жена, со црвен капут, која живее во скопската населба Карпош веднаш до поранешната Воена болница, а сега „8 Септември“, рече дека ќе оди на доктор. Се движеше пеш и не наиде на проблем.

„Не се движам многу. Денеска решив да одам на доктор во ‘8 Септември’. Па, ќе видам, можеби ќе завршам работа. Лично никој не ме информирал за режимот на движење. Тоа што слушам на вести. Но еве, барем пеш можам да се движам“,

рече таа.

Пензионерка оди на лекарски преглед во „8 Септември“, фото: „360 степени“

Како што се приближувавме кон СЦ „Борис Трајковски“, се зголемувааа и обезбедувањето и контролите. По улиците по некој пешак и забрзани возила со делегациите што учествуваат на настанот.

Фото: „360 степени“
Фото: „360 степени“
Просторот околу СЦ „Борис Трајковски, фото: „360 степени“

Салата ја надлетуваат хеликоптери, наоколу има противпожарни и возила на брзата помош. Постојано поминуваат „шатл“ автобусите по строг сообраќаен режим.

СЦ „Борис Трајковски“, фото: „360 степени“

Инаку, по долгата неизвесност околу доаѓањето на Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, тој синоќа околу 23 часот пристигна на Меѓународниот аеродром „Скопје“, каде што беше пречекан од рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.

(ФОТО) Лавров вечерва долета во Скопје откако Блинкен одлета, го пречека рускиот амбасадор

Авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доцна синоќа допатува во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушниот простор на Турција и Грција, иако претходно се очекуваше маршрутата да оди преку Бугарија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Лавров во Скопје дојде по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и делегациите на земјите членки на ОБСЕ, која се одржа во хотелот „Александар палас“. Тој отсуствува и од заедничката фотографија на учесниците на неформалниот собир во скопскиот хотел.

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје: Блинкен и Лавров ќе се разминат

(ГАЛЕРИЈА) Неформална вечера и фамилијарна фотографија на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Шефот на руската дипломатија се размина со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој во Скопје пристигна вчера попладне, а по завршувањето на неформалната вечера, околу 21 часот, се упати кон скопскиот аеродром и замина од земјава, за Израел.

Блинкен од Скопје замина за Израел

Покрај Блинкен, вчеравечер околу 22:30 часот од Скопје замина и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. Ниту шефот на европската дипломатија Жозеп Борел немаш можност да се сретне со Лавров на состанокот во Скопје бидејќи и тој рано наутро замина од земјава.

Екипата на „360 степени“ и синоќа, еден час пред почетокот на неформалната вечера која се одржа во хотелот „Александар палас“, направи обиколка по „Илинденска“ со цел да видиме до каде можевме да се движиме.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината, ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици!

Следно

ВИДЕО: Тетово тоне во отпад – улиците претворени во депонии!

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop