Министерски совет на ОБСЕ во Скопје: Блинкен и Лавров ќе се разминат

November 29, 2023
1 min read

Блинкен, кој во моментов учествува на неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“, според најавите, се очекува веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, да се упати кон Меѓународниот аеродром „Скопје“ и да замине од земјава. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак, според најавите, нема да слета во Скопје пред 22:30 часот, што е по времето во кое се очекува да замине Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој доцна попладнево пристигна во Скопје, по што оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се очекува уште вечерва, неколку часа по доаѓањето, да ја напушти земјава.

blinken-lavrov-блинкен-лавров
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба во Женева, Швајцарија, 21 јануари 2022 г.
Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Блинкен, кој во моментов учествува на неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“, која му претходи на официјалниот старт на Министерскиот совет на ОБСЕ, според најавите, се очекува веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, да се упати кон Меѓународниот аеродром „Скопје“ и да замине од земјава.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак, според најавите, нема да слета во Скопје пред 22:30 часот, што е по времето во кое се очекува од земјава да замине американскиот државен секретар.

Тоа значи дека и покрај најавата за присуство и на американскиот и на рускиот дипломат на Министерскиот совет на ОБСЕ, тие воопшто нема да бидат во Скопје во исто време.

Нивна средба, меѓутоа, воопшто и не беше најавена.

Висок функционер на Стејт департментот, кого го цитира Гласот на Америка, рече дека не очекува Блинкен да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот во Скопје.

Претходно и официјална Москва објави дека средба меѓу Блинкен и Лавров во Скопје нема да има.

Освен американскиот државен секретар, по неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“, која почна од 19 часот, од земјава се очекува да заминe и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Блинкен пристигна во Скопје доцна попладнево. Добредојде му посака премиерот Димитар Ковачевски, а средба оствари и со шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

На одвоените средби, Блинкен го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Оцени оти земјава завршила исклучително добра работа и оти успеала да ја прошири мисијата на Организацијата и покрај значителните пречки.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Следно

Османи: Посебната канцеларија за граѓанското општество во ОБСЕ останува една од најважните додадени вредности на нашето претседателство

Latest from Blog

Меџити најави нов меѓународен фестивал во Чаир: „Инвестицијата во културата е инвестиција во идентитетот“

Идентитетот на еден народ се чува, зајакнува и пренесува преку културата, уметноста и традициите што ги создаваме за идните генерации, порача градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи
Go toTop