(АНАЛИЗА) Како била скроена ранг-листата за новиот состав на Антикорупциска

November 29, 2023
7 mins read

„360 степени“ ја обезбеди комплетната табела од бодувањето за сите одделни категории и вкупни резултати, како и соодносот на доделените бодови од страна на членовите на Комисијата. Во него може да се забележат интересни детали во однос на бодувањето на кандидатите од страна на политичките партии, претставниците на граѓанскиот секторот и заменик-народниот правобранител. Впечатокот е дека големиот број бодови што прворангираните кандидати ги добиле од претставникот на омбудсманот биле пресудни за кревање на нивниот рејтинг, наспроти ниското бодување на овие кандидати од претставниците на граѓанскиот сектор

Инаку, по објавувањето на ранг-листата на кандидатите за следниот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), членката на Комисијата за селекција Снежана Камиловска-Трповска преку допис до медиумите соопшти дека има издвоено мислење во однос на утврдената листа во кое посочува на, според неа, необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на Комисијата

Комисијата за селекција за новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го заврши бодувањето и ја утврди ранг-листата на кандидатите која в петок треба да се најде пред собраниската Комисија за изборите и именувањата, а потоа и на пленарна седница.

Принтскрин од дел од табелата од бодувањето на кандидатите за членови на ДКСК по сите одделни категории и вкупни резултати

Доколку се суди по објавената ранг-листа и доколку таа помине без измени во Собранието, битката со корупцијата од февруари догодина ќе ја бијат ревизорката Татјана Димитровска, која е прворангирана, судијката Софија Спасова-Медарска, советничката за следење на корупцијата во јавните набавки на ДКСК, Билјана Каракашова-Шулев, советникот за спречување судир на интереси во ДКСК, Бесник Џемаиљи, колегите ревизори на Димитровска, Зоран Богоевски и Цвета Ристовска, а меѓу предложените за идниот состав на ДКСК влегува и Сервет Демири од ревизијата за пристапна помош за Европската Унија.

Како прворангирана, претседателка на Антикорупциска во следните пет години треба да биде ревизорката Татјана Димитровска.

Неполни 10 часа по објавувањето на ранг-листата се појавија и првите реакции, а една во форма на издвоено мислење дојде од членка на Комисијата за селекција, која посочува на необјективно и оркестрирано гласање од останатите членови на Комисијата.

Во истиот контекст впечатлив е и коментарот на претседателот на невладиниот Центар за граѓански комуникации, Герман Филков, кој на својот фејсбук-профил напиша:

„Срамен избор на нови членови на ДКСК! п.с. Не барајте ме за коментар, барајте ги партиите“.

Ова го отвора прашањето дали прворангираните кандидати, кои изминатите три дена поминаа интервјуа во собраниската Комисија за изборите и именувањата, се избрани врз основа на објективно оценување или при бодувањето пресудни биле партиски префренции и комбинаторики.

„360 степени“ ја обезбеди комплетната табела од бодувањето по сите одделни категории и вкупни резултати, како и соодносот на доделените бодови од страна на членовите на Комисијата.

Кои се членовите на Комисијата за селекција и како ги бодуваа кандидатите

Комисијата за селекција на кандидати за избор на претседател и членови на Антикорупциска е составена од пратеници на власта и опозицијата во Собранието, двајца претставници на граѓанскиот сектор и претставник на народниот правобранител. Член од СДСМ е Фаница Николоска, од ВМРО-ДПМНЕ – Ели Панова, Берат Ајдари од ДУИ, Кастриот Реџепи од Беса.

Двајцата претставници на граѓанските организации се ​​Никола Додов од Здружението за поттикнување и промоција на информатиката и назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и Снежана Камиловска-Трповска – претставничка на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМСД), назначена за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. Инстуцијата Народен правобранител ја преставуваше заменик-народниот правобранител Јован Андоновски.

Според списокот од бодувањето, ревизорката Татјана Димитровска добила по 100 бода од сите четворица партиски членови, и од власта и од опозицијата. Голем број бодови таа собрала и од заменик-народниот правобранител. Но, за разлика од нив, членовите од граѓанскиот сектор имале сосема поинакво мислење кои во вкупното бодување на прворангираната Димитровска ѝ дале по само 20 бода.

Бодувањето на Татјана Димитровска

Ваквиот сооднос е забележлив и при бодувањето на дел од преостанатите кандидати кои испливаа на првите седум места на ранг-листата и со тоа станаа фаворити за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

И второрангираната, судијката Софија Спасовa-Медарска, која му е сопруга на адвокатот Филип Медраски, кој го бранеше експремиерот и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во повеќе судски предмети, добила три стотки од СДСМ, ДУИ и Беса, 50 бода од Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ и 86 од Јован Андоновски. Членовите на Комисијата од редовите на граѓанското општество на Спасовска-Медарска и дале 40, односно 55 бода.

Бодувањето на Софија Спасова-Медарска

Бодувањето на заменик-народниот правобранител клучно за рангирањето на кандидатите

Карактеристично, како што може да се забележи од листата на бодување, е изјаснувањето на заменик-народниот правобранител, кој како и во случајот со Димитровска и Спасовa-Медарска, им давал високи бодови на првите седум рангирани кандидати.

Единствен исклучок е бодувањето на Сервет Демири, кој е седморангиран, каде што Андоновски бил речиси на иста линија со членовите на Комисијата од власта. Тој на Демири му дал 49 бода, Фаница Николовска од СДСМ – 40, а Берат Ајдари од ДУИ – 50. Демири на седмата позиција на ранг-листата испливал благодарение на 93 бода од Снежана Камиловска-Трповска, 80 од членката на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ Панова и 95 од Кастриот Реџепи од опозициската Беса.

Бодувањето на Сервет Демири

Во сите други случаи бодувањето на заменик-народниот правобранител е од најмалку 75 до 98 бода за прворангираните седум кандидати.

Од преостанатите идни членови на ДКСК, Билјана Каракашова-Шулев добила две стотки – од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, и од нејзиниот колега од Беса, Кастриот Реџепи. Најмалку бодови таа добила од ДУИ – 25, а граѓанскиот сектор ѝ дал 50, односно 70 бода.

Бодувањето на Билјана Каракашова – Шулев

Бесник Џемаиљи по 100 бода добил од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и Беса, 75 од заменик-народниот правобранител и 18, односно 25, од Камиловска-Трповска и Додов од невладиниот сектор.

Бодувањето на Бесник Џемаиљи

Зоран Богоевски добил максимални сто поени од Фаница Николоска од СДСМ и Берат Ајдари од ДУИ, како и високи 97 бода од Андоновски и 75 од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Панова. Советникот за спречување судир на интереси во ДКСК, најниско бил бодуван од Камиловска-Трповска (МЦМС), која му дала само 18 бода.

Бодувањето на Зоран Богоевски

Цвета Ристова, пак, најголемиот број бодови ги собрала до претставниците на ВМРО-ДПМНЕ (максимални 100) и Беса (100), заменик-народниот правобранител – 98 и од Никола Додов, кој ѝ дал 91 бод.

Бодувањето на Цвета Ристовска

Камиловска-Трповска: Необјективно и оркестирано гласање

По објавувањето на ранг-листата на кандидатите за следниот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), членката на Комисијата за селекција преку допис до медиумите соопшти дека има издвоено мислење во однос на утврдената листа во кое посочува на, според неа, необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на Комисијата.

„Евидентно од посочената ранг-листа е дека како претставник на граѓански сектор од областа на демократија и владеење на право имам целосно различна перцепција за избраните кандидати со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав. Изненадува како останатите претставници на Комисијата за селекција изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервју, одбивањето на кандидатите да одговорат на директни прашања за општествени состојби како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската комисија за 2023 год., прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл. Дополнително, кандидати кои манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмислен одговор и со одлични компетенции, не беа добро оценети од страна на другите членови, со што им се оневозможи да се борат за позиција претседател и член на ДКСК“,

вели Камиловска-Трповска.

Од листата на бодување е евидентна поддршката од партиите за кандидатите кои се нивни членови и кои на интервјуата велеа дека тоа не треба да биде пречка за да бидат избрани во следниот состав на ДКСК.

Така, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, дала максимални 100 поени за адвокатот Кирил Ковчегарски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ и член на партиската комисија за правни работи, политички систем и антикорупција. Сепак, тој не успеа да добие доволно бодови од другите членови на Комисијата за селекција на кандидатите.

Панова, исто така, му дала 100 поени на адвокатот Владимир Клековски, брат на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски. Тој е осморангиран на ранг-листата, веднаш зад Сервет Демири, а солиден број бодови добил и од заменик-народниот правобранител (77) и претставниците на граѓанското општество, кои му дале по 73. Најмалку бодови Клековски добил од СДСМ и од ДУИ – 35, односно 21.

Бодувањето на Владимир Клековски

За Борис Кондарко, актуелен член на Државната изборна комисија (ДИК) и со членска книшка од СДСМ, максимални 100 бода дала пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска. Пратеникот на ДУИ му дал 75 бода, но немал поддршка од ВМРО-ДПМНЕ од каде што добил само 11 бода. Кондарко не успеа да добие доволно бодови за да добие петгодишен мандат во ДКСК и се најде на 25. место.

Бодувањето на Борис Кондарко

Инаку, бодувањето на Комисијата за селекција на кандидатите на ранг-листата објавена на веб-страницата на Собранието е преточено во вкупен број бодови и изгледа вака: Татјана Димитровска – 76 бода; Софија Спасова Медарска – 75,86; Билјана Каракашова Шулев – 74,28; Бесник Џемаиљи – 74,14; Зоран Богоевски – 73,57; Цвета Ристовска – 70,57 и Сервет Демири 67,28.

Во образложенијата за кандидатите рангирани од првото до 12. место, исто така, е наведено:

„Врз основа на дадените одговори Комисијата за селекција оцени дека кандидатот има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси, и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа. Даде одлични одговори за поставените општи и посебни прашања.“

Сепак, како што може да се види од листата на бодување, прворангираната Димитровска добила најмалку бодови од претставниците на граѓанскиот сектор во четирите категории на оценување – искуство, претставување, општи и посебни прашања.

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата в петок (1 декември) треба да утврди седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието на изјаснување на пленарна седница

Собраниска Комисија за прашања за изборите и именувањата / Фото: Призма

Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата не ја утврди листата во утврдениот рок, Собранието расправа и гласа поединечно за секој од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно ранг-листата составена од Комисијата за селекција. Ако Собранието не избере претседател и членови на ДКСК, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од десет дена.

Во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија се земаат предвид принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.

Кандидатите за претседател или член на Државната комисија кои сметаат дека во постапката за избор на претседател или член на Државната комисија се прекршени законските одредби имаат право на тужба до Управниот суд. Постапката пред Управниот суд е итна.

Во врска со објавената ранг-листа досега нема реакции од политичките партии.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Свети Николе пријавени седум измами во обид – се претставуваат како полициски инспектори и бараат пари за да помогнат во несреќа!

Следно

Ковачевски- Блинкен: Северна Македонија и САД негуваат силно стратешко партнерство и активна соработка на патот на македонското евро-интегрирање 

Latest from Blog

Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

Поранешниот градоначалник на село Рилци, Благоевградско – Живко Чукарски, ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто додаток се премногу

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, вчера најави дека вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика (ДЗС), во

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

Во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“ вечерва дошло до пукање, а на терен се полиција и брза помош, пренесуваат српските медиуми. Според медиумите, во престрелката е убиен Дејан Костиќ- Дела, еден од водачите

„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина

На можните преговори со Доналд Трамп за окончување на војната во Украина, рускиот претседател Владимир ќе бара НАТО да се повлече од границите со Русија до позициите што воената алијанса ги имала

Утре почнува Вевчанскиот карневал

  Утре започнува „Вевчанскиот карневал“, чија традиција и годинава ќе биде продолжена со неговото одржување од 12 до 14 јануари. Според најавите покрај главното дефиле на маските ќе има и  забавно музичката
Go toTop