Советот на Народна банка ја усвои Програмата за работа за следната година

November 29, 2023
2 mins read

реклама


Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2024 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, заради натамошно успешно остварување на стратегиските цели.

На состанокот, како што денеска информираа од Народната банка, биле разгледани и повеќе тековни активности, вклучително и Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ во изминатиот едногодишен период.

реклама

– Во Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во евроинтегративните процеси се заклучува дека најновите извештаи од институциите на ЕУ во областите и поглавјата во надлежност на Банката укажуваат на тоа дека поставеноста на монетарната политика е во согласност со економското окружување. Позитивно се оценети и мерките на НБРСМ за поттикнување на штедењето во домашна валута. Во делот на монетарната политика, се оценува дека усогласувањето на правната рамка со законодавството на ЕУ, стандардите и практиките и натаму е во напредна фаза, што е највисока оцена за подготвеноста. Во однос на банкарскиот систем, се посочува дека правната и институционална рамка за обезбедување финансиска стабилност е зајакната, а позитивно се оценети и макропрудентните мерки. Се истакнува и напредокот во усогласувањето со правото на ЕУ во областа на платните услуги, како и посветеноста на Народната банка на Европскиот кодекс на статистички практики, се наведува во соопштението.

Во рамки на Програмата е предвидено зајакнување и унапредување на аналитичките способности и капацитетите за макроекономски анализи и проекции за водење на монетарната политика. Приоритет за Народната банка и натаму ќе бидат ценовната стабилност и задржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот, како и натамошната модернизација на монетарните операции и ликвидносното планирање.

реклама

Народната банка, велат оттаму, ќе продолжи со одржување и зајакнување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем, преку натамошно усогласување со европската регулатива, меѓународните стандарди и трендови во доменот на банкарската регулатива, извршувањето на макропрудентниот мандат, следењето на ризиците во банкарскиот систем и зајакнувањето на супервизијата. Во центарот на вниманието ќе биде јакнењето на капацитетите на Народната банка во однос на климатските промени, како и активностите поврзани со создавањето услови за соодветен развој и унапредување на финтек-секторот.

– Народната банка ќе продолжи со следењето на примената на новата правна рамка во платежната сфера којашто овозможува воведување нови технологии и иновации за поддршка на плаќањата на населението и корпоративниот сектор. Ќе се продолжи и со активностите за зголемување на транспарентноста и споредливоста на услугите, заради поголема конкуренција и заштита на потрошувачите, како и анализите за можностите, предностите и евентуалните ризици од издавањето дигитална валута, дигитален денар, како дигитална форма на нашата суверена валута, денарот. Особено внимание ќе им биде посветено на активностите коишто треба да овозможат приклучување на нашата земја во Единствената европска платежна област (СЕПА), што ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите, велат од централната банка.

реклама

Зајакнувањето на финансиската писменост на населението, унапредувањето на степенот на финансиска инклузија и обезбедувањето соодветна заштита на потрошувачите се исто така области на коишто Народната банка ќе работи и следната година.

Во текот на 2024 година, Народната банка ќе го започне процесот за подготовка и носење на новиот Стратегиски план за периодот 2025 – 2027 година, со што ќе ги постави идните стратегиски цели, области и насоки во кои ќе делува во следниот тригодишен период. 

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Шефот на ОН за човекови права бара продолжен прекин на огнот во Газа

Следно

Израелската војска пукаше на воено возило во Јужен Либан

Latest from Blog

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно – во западните делови ќе има повремен локален дожд

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С) 5 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 14 Прилеп, Берово, 15 Битола, 16 Тетово, Охрид, Претор, 17 Крива Паланка, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Штип,

К-15 одржаа спектакуларно шоу во живо за нивниот 30-годишен јубилеј

Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ сношти ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години  К-15. Вечерта

Семејството на Теодора од Тетово се уште чека одговор од гостиварска апелација за пресудата за возачот

Семејството на Теодора Ристовска од Тетово, која во август 2022 година го загуби животот преминувајќи пешачки премин, реагира дека се’ уште не им е пристигнат одговорот од Апелационен суд Гостивар. Ова следува

Во последните 24 часа во израелските напади во Газа убиени најмалку 153 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 53.272 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 153
Go toTop