Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот културен сектор има потенцијал да придонесе во растот на домашната економија

November 28, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на третиот меѓународен форум на креативни индустрии оствари средба со Филип Керн директор и основач на КЕА за Европски прашања-Брисел, и Мартин Каф, советникот за креативни индустрии и туризам на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

На состанокот беше разговарано за важноста на креативните индустрии, нивниот одржлив развој и придонесот кои го имаат во домашната економија.

Министерката за култура посочи дека се прават важни чекори за афирмација и вистинска валоризација на потенцијалот на секторот креативни индустрии, преку кој не само што ги зајакнуваме културата и уметноста, туку и индустријата.

„Креативните индустрии се значаен дел и од Стратегијата на Министерството за култура, а со новиот Закон за јавен интерес во културата, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, воведуваме и на нови културни дејности од областа на креативните индустрии“, рече Костадиновска-Стојчевска на средбата.

Керн и Каф укажаа дека препознаена е посветеноста и активноста на Министерството за култура за промоција на важноста на креативните индустрии како „најмоќно економско оружје“, давајќи целосна поддршка за развој на креативните индустрии на различни ниво.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска со свое обраќање го отвори Меѓународниот форум на креативни индустрии на тема: „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Позицијата премиер, табу што треба да се скрши!? Османи: Не е важно името, Зибери: Кандитатот имаше име и презиме

Следно

Боки 13 пуштен на слобода

Latest from Blog

Изет Меџити: Мајка Тереза останува вечна инспирација за човештвото

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со делегации од Владата, Собранието и општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот

ВЛЕН бара одговорност за Бујар Османи

53 По објавувањето на негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во времето кога министер беше Бујар Османи, коалицијата ВЛЕН остро реагира и бара итно
Go toTop