(МАПА) Еве кои улици ќе бидат затворени за сообраќај утре и задутре

November 28, 2023
2 mins read

Почнувајќи од утре од 13 часот па сè до завршување на состанокот в четврток, во сила ќе биде посебен сообраќаен режим кој ќе важи за главните сообраќајници околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе се одржува состанокот

Со изменет режим од вообичаениот ќе функционира и јавниот превоз во Скопје

Одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ утре и задутре ќе затвори за сообраќај неколку булевари во главниот град. Почнувајќи од утре од 13 часот па сè до завршување на состанокот в четврток, во сила ќе биде посебен сообраќаен режим кој ќе важи за главните сообраќајници околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе се одржува состанокот.

Сообраќајници кои ќе бидат затворени за сообраќај на 29 и 30 ноември
Графика: „360 степени“

Според соопштението на МВР, затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кај Владата сè до крстосницата со улица „Љубљанска“ кај ТЦ „Сити мол“.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“ на потегот од крстосницата кај „Сити мол“ до крстосницата кај Владата
Графика: „360 степени“
Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата кај „Сити мол“ до крстосницата кај Владата
Графика: „360 степени“

Овие два дена сообраќај нема да е можен ниту по булеварот „8 Септември“ на потегот од крстосницата со улица „Скупи“ кај Хубо маркет до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „8 Септември“ од крстосницата со улица „Скупи“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“
Графика: „360 степени“

Од МВР додаваат дека во зависност од потребите, овие два дена е можно затворање и на други улици, притоа не прецизирајќи за кои сообраќајници станува збор.

„МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“,

посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

И јавниот превоз со изменет сообраќаен режим на 29 и 30 ноември

Поради изменетиот режим на сообраќај, со изменет режим од вообичаениот ќе функционира и јавниот превоз во Скопје. В среда автобусите ќе возат вообичаено, согласно важечкиот зимски возен ред, а во четврток ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дел од линиите ќе се движат по изменети траси.

„Почнувајќи од утре, среда (29 ноевмри) од 13 часот, па сè до завршување на Министерскиотсовет на ОБСЕ в четврток (30 ноевмри), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси“,

информираат од ЈСП.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. 

Автобусите со број 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во населбите Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ каде што продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Линиите 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (кај Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој претставниците на Владата го опишаа како најголемиот настан некогаш одржан во земјава, државната и јавната администрација во Скопје утре ќе работат до 12 часот, а 30 ноември за нив ќе биде неработен ден. Одлуката се однесува и за основните и средните школи во главниот град.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево

Следно

Позицијата премиер, табу што треба да се скрши!? Османи: Не е важно името, Зибери: Кандитатот имаше име и презиме

Latest from Blog

Коњановски: Федерацијата ја издвои Битола како лидер во куглањето

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека кугланата во градот нуди едни од најдобрите услови за куглање во државата, по одржаното поединечно првенство во сениорска конкуренција. Тој посочи дека натпреварувањето се одвивало

„На под“: Како гала вечерта на Трамп се претвори во хаос за неколку секунди (ВИДЕО)

„На под! На под!“ Стотици новинари, членови на кабинетот, дипломати и истакнати личности од елитата на Вашингтон, кои само неколку моменти претходно пријатно си разговараа на храна и пијалоци, одеднаш се згрчија

„Армиран бетон е клаузулата на ЕУ посилна од Член 5 на НАТО!“ ЕУ НЕМА ВОЕН КАПАЦИТЕТ ДА ЈА БРАНИ ЕВРОПА, рече екс шефот на НАТО

Францускиот претседател Емануел Макрон одржа прес-конференција по средбата со грчкиот премиер во Атина, нагласувајќи дека Европа мора да биде посветена на поголемо единство и дека ЕУ има клаузула што е посилна од

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот, но не знаете никогаш кога може да пукне

Во споредба со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија има најдобро поставен и функционален систем за спречување на радикализација, оцени националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и тероризам Павле Трајанов. Тој

Атлетико Мадрид со пресврт до триумф над Билбао

Во последниот дуел од денешната програма од Примера шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Алтетико Мадрид успеа да слави на свој терен со конечни 3:2, над тимот на Атлетик Билбао. Во исклучително интересен
Go toTop