Сантош ја презеде репрезентацијата на Полска, доби задача избори пласман на ЕП 2024

January 24, 2023
1 min read

Фернандо Сантош и официјално ја презеде репрезентацијата на Полска. Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) го претстави поранешниот селектор на португалската репрезентација.

– Сантош ги освои Евро и Лигата на нации, работеше со големи фудбалери, светски фудбалски ѕвезди, ова е исклучително вредно. Верувам дека новиот тренер ќе донесе многу добри работи за тимот и за целиот полски фудбал. Цел број еден во моментов е да стигнеме до завршниот турнир на ЕП 2024 година и на тоа се фокусираме пред се, изјави првиот човек на ПЗПН, Цезар Кулеша.

Сантош беше селектор на португалската репрезентација осум години, а ја напушти функцијата по Светското првенство во 2022 година. Тој е познат и по работата со Порто, Спортинг, Бенфика и грчката репрезентација.

Шеесет и осумгодишниот Португалец го замени доскорешниот селектор Чеслав Михневич.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг во Берлин побара побрза испорака на ново оружје во Украина

Следно

Препораки до општините во градот Скопје 24.1.2023

Latest from Blog

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим

Меџити: Албанците сакаат моќ што одлучува – таа сила е ВЛЕН

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку емотивна и силна порака објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „ВЛЕН“.

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во
Go toTop